Германците ќе делат по 10 евра месечно за секое дете?! Генијален план, но постои еден мал детаљ
Се споменува цифра од преку 60.000 евра, но парите ќе бидат достапни дури откако лицето ќе замине во пензија...

Во политичката расправа за иднината на пензиското осигурување се појави нова идеја која на прв поглед можеби звучи необично.
Станува збор за мали месечни количини кои треба да се штедат уште во детството – а целосниот ефект би се видел десетици години подоцна.
Ова е план за кој се уште интензивно се расправа, а основната идеја на Frühstart-Rente е на секое дете во Германија кое оди на училиште или во некоја друга образовна институција на возраст од 6 до 18 години, месечно да му се уплаќа по 10 евра на државно организирани пензиска штедна сметка.
Станува збор за уплати кои би требал да се извршуваат без давачки за родителите и кои во потполност би требало да ги сноси државата.
Овој износ му припаѓа на детето и е насочен на долготраен раст. По 18-от роденден младите ќе имаат можност и самите да се активираат и дополнително да допринесат средства за овој фонд.
Но повлекување на овие пари од фондот не се планирани, односно акумулираниот капитал ќе остане се додека не се исполни законскиот рок за одење во пензија.
Исплатата ќе се изврши најрано на 67 година од животот, односно кога ќе бидат исполнети моменталните услови за одење во пензија.
Фото: Фрипик
Преку 60.000 евра по жител
Финансиските проекции во врска со овој план звучат ветувачки, па така со континуирани уплати во текот на 12 години, според стручните лица проценките се дека би можело да се акумулираат околу 61.000 евра во фондот до моментот кога лицето треба да замине во пензија – без ниту еден приватен депозит. Но ова се темели на неколку оптимистички претпоставки, така што останува отворено прашањето дали овие планови навистина ќе се исполнат.
Во Германија пензија и за пет години работа
За да имате право на германска пензија, мора да имате платено најмалку пет години придонеси за пензиско осигурување или, со други зборови, да имате најмалку пет години стаж.
Толку труд покриен со придонеси практично ви гарантира пензија кога ќе наполните години старост, а нејзината висина зависи од платата или од позицијата на која сте работеле.
Колку се поголеми приходите, односно колку е поголема платата, толку се повисоки и придонесите кои се плаќаат за задолжителното пензиско осигурување.
Овие придонеси, пак, одредуваат колку пензиски поени или поени за заработка ќе соберете. Износот на месечната пензија по пет години работа се пресметува според следната формула: месечна бруто пензија = поени заработувачка x фактор за пензионирање x моментална вредност на пензија x фактор за тип на пензија.
Па така на пример според просечната годишна бруто плата во 2023 година која беше 43.142 евра на запад и 41.967 евра на исток од Германија износот на месечната пензија по пет години работа би изнесувала околу 180 евра месено, односно 5 помножено со износот на пензискиот бод (5 x 1 x 36,02 x 1). И факторот на заминување и факторот за тип на пензија имаат вредност 1 ако не се пензионирате предвремено и пензијата е обична старосна пензија.
Ако не добиете точно еден пензиски бод за пет години работа, вашата пензија ќе се промени.