Еве зошто Швајцарија е РАЈОТ НА ЗЕМЈАТА и за многу Македонци – платите високи, растат и во криза
Швајцарија е земја со највисоки примања во светот, па така и во текот на минатата година платите значително пораснале, па дури и кога ќе се земе во предвид инфлацијата, јавуваат швајцарските медиуми...

Како што објавија швајцарските медиуми, платите во оваа земја значително пораснале во последната година дена.
Номинални плати во просек пораснале за 1.8 проценти во однос на 2024 година, според швајцарскиот Завод за статистика.
Овие податоци се проценуваат квартално и се темелат на кумулативните податоци за платите вклучувајќи ја и 13 месечна плата.
Оние што работат за државата можат да заработат значително повеќе отколку во приватниот сектор.
Посебна корист имаат оние со неполно работно време.
Фото: Фрипик
Работата за државата најисплатлива
Државните службеници заработуваат до 17.000 франци(околу 18.240 евра) повеќе отколку што би добиле во приватниот сектор за истата работа.
Ова го покажа нова студија на професор по економија што беше објавена од страна на швајцарските медиуми.
Во просек државните службеници заработуваат 10.000 франци повеќе од работниците во приватниот сектор за слични работи.
Па така на пример адвокат кој работи како приватен советник може да заработи околу 159.000 франци по 12 години во државна служба, во споредба со 115.000 франци во приватниот сектор.
Фото: Фрипик
Највисоки плати
Според едно ново истражување на платформата Нумбео кое неодамна беше објавено на порталот „RankingRoyals“, кое ги открива најновите податоци за просечната месечна заработка, Швајцарија се наоѓа на самиот врв на листата.
Имено, просечната нето плата во оваа земја изнесува 6.558 долари месечно, односно околу 5.712 евра, што ја прави Швајцарија светски лидер по лични примања. Следува Луксембург со 5.706 долари (4970 евра), додека третото место им припаѓа на Соединетите Американски Држави со 4.353 долари (3.791 евра).
Станува збор за износи што ги добиваат вработените по одбитоците за данок. Податоците откриваат значителни глобални разлики, а очекувано, најголема заработка е забележана во развиените економии на Западот, додека многу земји се уште се борат со ниските стандарди.
Фото: Фрипик
Во првите десет се вклучени и Исланд, Катар, Сингапур, Хонг Конг, Данска, Австралија и Холандија.
Од друга страна, земјите со најниска просечна нето заработка на листата на 50 најразвиени се:
Полска – 1.463 долари, Чешка – 1.501 долари, Естонија – 1.531 долари, Малта – 1.542 долари, Словенија – 1.543 долари