ВестиНаши ѕвезди

Гордана Јанкуловска покажа со кого беше за Велигден – поранешната министерка ужива со најблиските

Се огласи и покажа како ги помина велигденските празници

Advertisement

Поранешната министерка за внатрешни работи од времето на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска, сподели семејни фотографии.

Таа покажа како го минува слободното време со семејството, а воедно ја искористи и приликата да им го честит празникот на сите.

Advertisement

„За многу години Велигден! Да го празнуваме животот и да ги отвориме душите за љубов и радост. Господ нека ни даде сили да ги надминеме искушенијата и да истраеме во секое добро дело. Христос воскресе!
Навистина воскресе!“, напиша Гордана во описот на фотографијата што ја сподели на својот профил на Инстаграм.

Инстаграм/ Гордана Јанкуловска

Потсетуваме, Гордана и нејзиниот сопруг, адвокатот Влатко Илиевски го имаат синот Петар кој наскоро ќе наполни седум години.

Advertisement

Гордана на својот Инстаграм често знае да сподели фотографии од кои може да видиме како ужива во мајчинството и семејниот живот, а во една пригода ни откри како со својот сопруг го воспитуваат нивниот син.

Инстаграм/ Гордана Јанкуловска

„Не сме родители кои строго следат однапред пропишани правила и амбициозно го форсираат детето. Сепак на различни начини се информираме за фазите на развој и за тоа што може да се очекува на негова возраст, изјави Гордана тогаш, па додаде:

Инстаграм/ Гордана Јанкуловска

„Пред сé се трудиме да го научиме кои се вистинските вредности во животот, да го поттикнеме пристојно да се однесува и да стане добар човек. Големо влијание во неговото воспитување имаат и бабите, дедо му и се разбира воспитувачките од градинка, па така овие влијанија понекогаш може да се препознаат во неговите постапки“, изјави во една пригода Гордана за Гламур магазин.

Целото интервју со неа прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button