Хороскоп

На велигденски понеделник не смеете да направите само една работа –  во спротивно, ќе ве следи жалост цела година, а сѐ друго е дозволено!

Што треба да правите денес, а што никако не смеете да направите.

Advertisement

На вториот ден од Воскресението Христово – познат како Светли понеделник или Велигденски понеделник – православните верници ја продолжуваат радосната прослава на најголемиот христијански празник – Пасха.

Advertisement

Овој ден, како дел од Светлата седмица, е исполнет со литургии, свечени литији, семејни собири и духовна радост.

Но постои едно важно правило кое верниците мора да го почитуваат: не смее да се бидете тажен.

Зошто тагата е забранета на Велигденски понеделник?

Православната традиција учи дека Христовото воскресение ја победи смртта и донесе надеж за вечен живот. Затоа, секоја тага се смета за неприкладна во овие денови, па дури и како потсмев на Воскресението.

Advertisement

Од Велигден до следниот вторник (девет дена по Велигден), не се вршат поменски служби, не се оди на гробишта и не се изговараат тажни зборови – сè е во знак на радоста, животот и победата над смртта.

Свештениците предупредуваат дека тагата во овие денови, особено на Велигденски понеделник, претставува „осквернување на радоста“ што ја донесува Христос со своето воскресение.

Имено, според православните духовници, тажната мисла го гаси пламенот на воскресенската светлина во душата на човекот.

принтскрин јутјуб

Што треба да правите денес?

Утрово, верниците одат во црква, каде се служи Божествена литургија, проследена со пасхална литија.

Се посетуваат блиски и пријатели со пасхални подароци: вапсани јајца и пасхален леб/погача.

Се организираат детски игри, најчесто со тркалање на јајца – симбол на новиот живот.

Се јаде богата трпеза – нема пост и се слави полноста на животот.

принтскрин јутјуб

А што не смеете?

Да бидете тажни или да се жалите – бидејќи според преданието, дури и ангелите на небото се радуваат во овие денови.

Да избегнувате посета на гробишта или да правите помен – тоа се одложува до деветтиот ден по Пасха.

Да работите тешки физички работи – денот е за душевен одмор, не за заморување.

Симболиката на Велигденскиот понеделник

Овој ден, заедно со целата Светла седмица, е симбол на нов почеток – не само на природата која се буди, туку и на духовното препородување на секој човек.

Христовото воскресение не е само историски момент, туку живо искуство кое секој христијанин треба да го почувствува со радост, благодарност и љубов.

Затоа, запомнете: денес единственото што не смеете да направите е да бидете тажни. Насмевнете се, простете, посетете некого што го сакате – и не заборавајте да кажете:
Христос воскресе! – Навистина воскресе!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button