Eдна од најуспешните македонски компании бара работници со средно образование – плата 40.000 денари

Вивакс е македонска компанија која постои 30 години и брои повеќе од 120 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
РАКУВАЧ СО МАШИНИ – ОПЕРАТОР
Одговорности и задачи:
Да ракува со машината на која е распределен согласно Упатствата за работа со машините;
Да се грижи за техничка исправност на машината согласно неговата стручност;
Потребни квалификации:
Минимум ССС – електро/машински техничар се смета за предност;
Најмалку 1 година работно искуство;
Од кандидатот очекуваме:
Способност за работа во тим;
Самоиницијативност, исполнителност и чесност;
Организираност и одговорност;
Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
Ви нудиме:
Минимална месечна плата во висина од 40.000 денари, (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција, додатоците на плата по основ на: минат труд, ноќен труд, бонус, оброк и други, согласно законските прописи);
Исплата на прекувремени часови;
Исплата на регрес за годишен одмор;
Напредување во работата;
Награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
Обезбеден оброк;
Работа во пријатна и позитивна атмосфера
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: [email protected] со задолжителна назнака “РАКУВАЧ СО МАШИНИ – ОПЕРАТОР“.
Конкурсот е отворен 10 работни дена од неговото објавување (од 18.04.2025 до 06.05.2025 година).
Напомена:
Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира, НЕМА да бидат разгледани!