Celebrity

Прв Велигден без Саша – се огласи ќерката Александра со фотографија од семејната вила

Advertisement

Семејството на Саша Поповиќ го дочека првиот Велигден без него. Во нивниот семеен дом владее тага поради заминувањето на естрадниот маг, кој почина на 1 март во Париз по кратка и тешка болест, но неговото семејство сепак го одбележа најголемиот христијански празник.

Неговата ќерка Александра Поповиќ се огласи на Инстаграм. Објави фотографија од семејниот дом, поточно како ги вапсаат јајцата и ја декорирале трпезата, а со објавата им го честиташе празникот на сите.

Advertisement

– Среќен Велигден, луѓе. Христос воскресе – напиша таа, означувајќи ја и својата мајка Сузана Јовановиќ, со која, очигледно, ги вапсувале јајцата.

принтскрин инстаграм

Нивната снаа Тијана покажа што има на велигденската трпеза.

принтскрин инстаграм

Минатата година Сузана зборуваше за тоа како се слави Велигден во нивниот дом.

Advertisement

– Тоа е најголемиот христијански празник, Воскресението на Господ Исус Христос, и мислам дека треба да се прослави во кругот на семејството. Фарбањето јајца на Велики петок е задолжително, тоа е моја обврска. Полека се подготвува велигденската трпеза, се меси погача. Секако, треба да има месо на трпезата – ние ќе имаме телешко, така се договоривме. Обично се подготвува прасечко или јагнешко, но последно време не јадеме многу месо, па ќе ставиме само малку, заради празникот. Малку телешко, млади компирчиња, супа и сезонска салата – и тоа е тоа – зборуваше Сузана минатата пролет за „Гранд“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button