Нашата позната пејачка откри колку заработува од овоштарникот – НЕ се срами од работа (фото)
Пејачката со сопругот веќе некое време одгледуваат ореви, па зборуваше за заработката...

Пејачката Тијана Дапчевиќ неодамна започна приватен бизнис со својот сопруг Милан со кој ги изненади фановите.
Како што пренесуваат српските медиуми, Тијана и Милан решиле да почнат со одгледување ореви и за сега одлично им оди.
Тие на еден имот во близина на Белград сопругот на Тијана засадил специјален вид на турски орев, а пејачката му помага во тоа.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
И како што самата откри во една пригода, пејачката му помага во собирањето на оревите кои потоа одат во машина за сушење.
„Можеш да одиш и да ги чукаш оревите, па тие убаво ќе ти паднат, и тогаш не ти треба онаа скапа машина за тресење за која треба да платиш многу пари. Тогаш тоа се оди во машина за сушење, така што добро е да се има плантажа“, објасни пејачката во една пригода.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Нова плантажа – нов бизнис, но маката стара
Но она што Тијана тогаш исто така го изјави е дека многумина сметаат дека таа како пејачка заработува многу пари.
Но, како што вели Тијана, сите тие се во заблуда бидејќи, како што вели таа, никој од нив нема дрво пред својот дом на кое има закачено по 20 евра на пониските гранки, а по 50 на повисоките.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
„Тие мислат дека ние береме пари, што значи дека се во заблуда“, изјави пејачката тогаш Тијана и додаде дека е пресреќна што нејзината примарна професија е пеењето, кое не е лесно, но се чувствува благословено.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Потсетуваме, Тијана веќе долги години живее во Белград заедно со својот сопруг Милан и нивниот 15-годишен син Вук.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Малкумина знаат дека Тијана важи и за една од највисоките пејачки и тоа не само во Македонија, туку и во Србија.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Тијана прави ајвар со својот татко
Имено, таа е висока 184 сантиметри, а повисока е и од Снежана Бабиќ Снеки, пејачката со најдолгите нозе во поранешна Југославија.
Од Тијана меѓу познатите дами во Македонија повисока е само една водителка, а за кој станува збор, откријте тука…