Наши ѕвезди

Почивај во мир, Тоше – таму горе нека одѕвонуваат нови акорди од твојата душа

„Остави музика, остави човештина — и тоа засекогаш“ - пријателите, колегите, музичарите се простуваат од Тоше Поп Симонов.

Advertisement

На Велигден, кога симболично се слави животот и воскресението, замина човек кој целиот свој живот го посвети на музиката и човечноста — Тоше Поп Симонов.

Со длабока тага, пријателите, колегите и музичарите се простуваат од овој исклучителен уметник, кој не само што создаваше хитови и кариера за многумина, туку со својата големина оставаше неизбришлив траг кај секого што го сретнал.

Advertisement

Во неговата богата кариера стојат имиња како Тоше Проески, Верица Пандиловска, Дарио, Фрајле, Алка Вуица и многу други на кои им помогна не само како музички продуцент, туку и како човек со големо срце.

Последниве години водеше тешка битка со болеста, но никогаш не го изгуби духот. Секогаш зборуваше со надеж и со страст за музиката, која остана со него до неговиот последен здив.

„Човек кој допре, заигра и стопли милиони срца — денес неговото не издржа”, напишаа неговите пријатели.

Advertisement

Погребот ќе се одржи во вторник, на 22 април, на Градските гробишта во Бутел. Оддавање последна почит ќе биде од11.30 до 12.30 часот во капелата.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button