MAMAРецепти

Рецепт за најбрзиот чизкејк, се прави само од 3 состојки – а, се топи во уста!

Совршено решение кога немате време, а сакате нешто слатко и вкусно!

Advertisement

Чизкејкот важи за малку „незгоден“ десерт – бара време, трпение и прецизност. Сепак, останува еден од најомилените десерти, па често се подготвува за празници како Велигден.

Но, постои јапонска верзија на чизкејк која ќе ве воодушеви: потребни ви се само три состојки и многу малку труд! Еве како се прави:

Advertisement

Потребни состојки:

3 јајца

120 грама чоколадо

Advertisement

120 грама крем сирење

пекселс

Постапка:

Загрејте ја рерната на 170°C.

Чоколадото стопете го на пареа, додајте го крем-сирењето и измешајте додека се соедини.

Тргнете од пареа, додадете ги трите жолчки и промешајте.

Белките изматете ги во цврст снег. Прво додадете една третина од снегот во смесата со чоколадо и нежно промешајте. Повторете ја постапката уште двапати додека убаво се соедини сè.

Калапот за торта обложете го со хартија за печење, истурете ја смесата и неколку пати удрете го калапот од масата за да излезе воздухот.

Ставете го калапот во подлабок плех наполнет со топла вода и печете 15 минути на 170°C, потоа намалете на 160°C и печете уште 15 минути.

Исклучете ја рерната, но оставете го колачот внатре уште 15 минути.

Извадете, оставете да се олади – и уживајте во наједноставниот чизкејк што сте го направиле!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button