CelebrityНаши ѕвезди

Ако не сте среќни во брак раѓајте без маж- Една од најубавите жени во Македонија има преслатка ќеркичка која ја добила од донор

Advertisement

Поранешната манекенка, преубавата Викторија Јанчковиќ, која што повозрасните генерации добро ја паметат како една од најубавите жени од Македонија. Викторија последните години се повлече од сцената, ја нема ни на тв програмите, таа се посвети на нејзината професија, стоматолог и улогата на мајка.

фото:Фејсбук

Но откако пред две години стана мајка, поратлите и весниците беа преплавени со оваа вест, бидејќи Јаначковиќ јавно откри дека ќерката ја добила од донор.

Advertisement
фото:Фејсбук

Јаначковиќ имаше брак, со поранешниот сопруг живиееше во Англија, но се разведе. Таа одбра да биде самохрана мајка.

– Долго време не можев да најдам партнер, а сакав да станам мајка. Ете и во тој брак немав среќа да останам бремена. Ако мене ме прашувате најдобро за детето е да има и мајка и татко, но јас не успева да најдам сопруг. Еден ден си реков, па ова не е пречка да станам мајка. Отидов по ваучер и се се случи од прва. Мојата ќерка, Никита, ќе знае се, кога ќе порасне ќе и објаснам, има право да знае, а не да ја навредуваат дека нема татко, да ја понужуваат. Кај мене нема лажење и манипулации од типот на татко ти работи во старнство. Ќе ја знае вистината – раскажува Јаначковиќ во емисијата „Мамавизија“.

Advertisement

Таа раскажува дека била психички подготвена да се реализиара како мајка и дека одлично се снаоѓа во таа улога. Во емисијата раскажува и за патот како го одбрала донорот и зошто закала да биде Данец, ни и за тоа како оди целиот процес, притоа ги охрабрува сите жени кои не се среќни со маж, да не се обесхрабруваат.

– За да станете мајка ви треба некоја пристојна работа и место за живот. Вие нема во три спаплни да го растете детето. Не треба жените да се ограничуваат ако не се среќни нека го продолжат животот сами, не сакам да зборувам за насилство, овде секако мислам и на мажите, затоа што постојат и жени коишто ги тортурираат мажите. Ако се караат родителите тоа е лошо за детето, ако тие не се среќни и тоа нема да е среќно. Некои ми викаат дека ова што сум го направило било против бога, а тоа да се расправаат таткото и мајката не е против бога?!

Погледнете ја целата емисија на следниот линк.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button