Поминуваше низ тежок период, но ниту еднаш не покажа слабост – Анета некогаш и сега, ќе се изненадите!
Нова интересна трансформација на нашата позната пејачка

Повторно ги изненади своите фанови
Познатата фолк-пејачка Анета Љумамковска одлучи да направи мала промена во својот досегашен имиџ и сите ги изненади.
Имено, пејачката неодамна ја офарба својата коса и сега со новата фризура предизвика воодушевување кај фановите.
Од фотографијата што ја сподели може да видиме дека Анета сега има црвена коса, но и дека промената ѝ стои одлично.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката го откри своето ново издание и доби бројни пофалби на сметка на својот изглед од бројни обожаватели.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
И покрај тоа што се соочува со сериозни предизвици во последните години, Анета продолжи да биде во центарот на вниманието.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пред две години како бомба одекна веста во медиумите дека Анета се разведува од својот сопруг со кого две децении беше во брак, а минатата година остана и без својот татко, со кого беше мошне поврзана.
Но пејачката и покрај тоа што поминуваше низ тешки моменти, ниту еднаш не покажа слабост, а пред камерите секогаш е насмеана.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Овие емотивни промени секако дека оставија траг во нејзиниот живот, но нашата позната пејачка продолжува понатаму, максимално фокусирана на својата кариера, па сите чекаат и нова песна од неа.
Таа сега настапува со групата „Дакапо бенд“, а неодамна го покажа и својот брат со кого е мошне поврзана (види тука).
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Како Анета изгелдаше и на еден од своите последни настапи, но и кога настапуваше со Молика, погледнете во продолжение…