Дом и семејство

Што треба веднаш да исфрлите од дворот – ќе бидете посреќни ако ги направите овие 3 работи

Еве што треба да исфрлите од дворот со првите потопли денови за просторот да стане пофункционален, поубав, а вие посреќни во него.

Advertisement

Пролетта е идеално време за уредување на дворот – една од најважните активности кога сонцето се враќа, деновите се продолжени, а градината се буди во сите нијанси на зелено. Тоа е моментот кога во нас природно се јавува желба да го средиме својот мал рај под отворено небо.

За многумина, градинарството не е само хоби – тоа е ритуал на смирување, можност да се забави темпото, да се почувствува земјата под нозе и ритамот на природата.

Advertisement

Но, за градината навистина да биде извор на мир и радост, мора да се ослободиме од сè што создава хаос. Работите што веќе ја изгубиле својата функција не носат ништо освен визуелен и енергетски застој.

Еве што треба да исфрлите од дворот со првите потопли денови за просторот да стане пофункционален, поубав, а вие посреќни во него:

Скршени саксии

Можеби е разумно да чувате саксии за нови растенија, но што правите со оние напукнати, со излупена боја или остри рабови што можат да ве повредат?

Advertisement

Тие не се ниту безбедни, ниту убави. Оставете ги само оние што со гордост би ги ставиле на видно место.

фото пекселс

Суви и свенати растенија

Без разлика дали се смрзнале преку зима или ги изненадил пролетниот мраз, мртвите растенија немаат што да бараат во вашиот двор.

Ослободете го просторот за нови садници и запомнете што не функционирало, за следниот пат да бидете поподготвени. Во оваа категорија спаѓа и старото семе со поминат рок – фрлете го!

фото пекселс

Дотраени алати и опрема

Р’ѓосани ножици, ракавици со дупки, црева што прокапуваат – сето тоа само ви создава дополнителна мака. Задржете го само она што навистина работи. Ако имате алатки дупликат, оставете ги оние што ги користите најчесто, а останатите подарете ги на соседите.

Тешко е да се разделиме од работи што не ни изгледаат како ѓубре, но всушност се токму тоа. Ѓубрива за растенија кои веќе ги немате, држачи за саксии што не ги користите – сето тоа може да е корисно, но не и за вас. Понудете ги на некој што ќе ги искористи, а вие уживајте во она што навистина ви служи – секојпат кога ќе стапнете во дворот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button