Пораснал во Шутка и немал што да јаде, денес е еден од НАЈБОГАТИТЕ ПЕЈАЧИ на целиот Балкан (видео)
Пејачот се присети на своето детство, кога често биле гладни

Малкумина знаат дека Мухарем Сербезовски не е само пејач, туку и композитор, писател, преведувач и магистер по право.
Мухарем минатата година одбележа половина век од својата богата музичка кариера, но и покрај неговата голема популарност, за неговиот приватен живот се знае многу малку, а ретки се оние што знаат колку бил сиромашен во своето детство.
Имено, тој порасна во ромската населба Шуто Оризари во Скопје во семејство со девет деца – пет сестри и тројца браќа.
Принтскрин/ Јутуб
И како што самиот Мухарем откри во една пригода, спиеле наредени како сардини во мала собичка, а многу често јаделе само оние кои имале среќа да стигнат на време кога било готово јадењето.
Принтскрин/ Јутуб
„Имаше денови кога баш бевме гладни…“
„Детството на мене остави силен белег. Тогаш постојано размислував дали некогаш ќе излезам од таа беда. Имав желба за сé. Кога имав 12 години прв пат пробав чоколадо и млеко. Но, кај нас во куќата гладта, но и ситоста се поднесуваа со насмевка“, раскажа Мухарем во една пригода потсетувајќи се на своето детство во Шутка.
Принтскрин/ Јутуб
Инаку, Мухарем денес важи за еден од најбараните пејачи посебно за приватни прослави каде постојано добива големи бакшиши.
Како што пренесуваат медиумите, тој во една пригода за неговата песна „Зашто су ти косе побелеле друже“, наводно добил 20.000 евра.
Принтскрин/ Јутуб
Прима три пензии
Пејачот Мухарем Сербезовски во една пригода, во еден подкаст, зборуваше отворено и за своите примања, па откри дека има три пензии – македонска, босанска и германска.
Принтскрин/ Јутуб
„Примам три пензии – македонска, босанска и германска. Секаде уплаќав. Потенцијална е и српската пензија, но заради тоа би требало да дојдам да живеам тука. Но јас тоа и го планирам. Белград е нешто друго, посебно за мене. Напишав една прекрасна песна за него. Наскоро планирам да дојдам и да подготвам ‘платформа’ за моето заминување од ‘сцената’“, откри Мухарем Сербезовски во една пригода.