Ова ли е причината заради која Швајнштајгер и Ана се разведуваат?! Фудбалерот сите го обвинуваат
Вести што ги изненади сите...

Поранешната прва тенисерка на светот Ана Ивановиќ (37), и фудбалерот Бастијан Швајнштајгер (40) се рзведуваат, пишуваат медиумите.
Како што пренесува германскиот портал Билд, иако изгледаа како совршен пар, наводно, и на оваа романса и дојде крајот.
И како што пренесуваат овие медиуми, Бастијан и Ана веќе два месеци не живеат заедно, а ова одлука ја донеле по девет години брак.
Инстаграм/ Ана Ивановиќ
Па така додека Бастијан постојано е деловно ангажиран и тоа најчесто во Минхен, Ана наводно е со нивните три деца – Лука (7), Леон (4) и Тео (1) и престојува во родниот Белград.
Поранешната тенисерка наводно во Белград живее во стан од 100 квадрати во близина на нејзините родители и брат.
Инстаграм/ Ана Ивановиќ
Оваа вест ги изненади сите, посебно што Ана и Бастијан со својата љубовна идила инспирираа многумина ширум светот.
Инстаграм/ Ана Ивановиќ
И додека многумина се изненадени од веста дека познатиот пар се разведува, весниците ги објавија и причините.
Според угледниот германски магазин Бунте, причините за распад на бракот се многубројни, но сите водат во иста насока – оддалеченост, стрес, константни патувања и речиси никаков семеен живот.
Инстаграм/ Ана Ивановиќ
Бастијан последните години се повеќе патува заради ангажманите околу работата како ТВ консултант за фудбалски преноси ширум светот, но и заради личните проекти кои барат да биде далеку од дома.
Од овие причини многумина во коментари го поставуваат прашањето за Бастијан зошто воопшто влегува во проекти кои ќе го одделат од семејството, кога веќе знае дека семејниот живот не е така лесен, но засега ниту Ана ниту нејзиниот сопруг се немаат огласено во врска со овие гласини за разводот.
Инстаграм/ Ана Ивановиќ
Сепак, и нивната тишина зборува многу, како и тоа што живеат оддалечени еден од друг, и покрај тоа што на нивните социјални мрежи се уште стојат бројни заеднички фотографии кои се уше не се избришани. Но веќе подолго време нема ни нови…