Дом и семејство

Три бои што никогаш не треба да се најдат во вашата спална – многумина ги сакаат, но го уништуваат сонот и го нарушуваат расположението

Постојат три бои кои дизајнерите едногласно ги сметаат за непријатели на мирниот сон – иако многумина ги обожаваат, тие можат да предизвикаат депресија, напнатост и несоница.

Advertisement

Кога ја уредуваме спалната соба, повеќето од нас сакаат да создадат атмосфера на мир, топлина и релаксација.

Но според дизајнерите, токму изборот на боја може да направи голема разлика – и не секоја боја е пријател на добриот сон.

Advertisement

Постојат три бои кои дизајнерите едногласно ги сметаат за непријатели на мирниот сон – иако многумина ги обожаваат, тие можат да предизвикаат депресија, напнатост и несоница.

Еве кои се тие, и што да одберете наместо нив:

Сива и бела – но само во ладни нијанси

Иако сивата и белата се елегантни и минималистички, нивните ладни поднијанси можат да создадат чувство на студенило, осаменост и тивка депресија – особено во зимскиот период или во дождливи денови.

Advertisement
фото пекселс

„Ладните тонови на сивата и белата боја ја поттикнуваат тажната енергија. Може да изгледаат стилски, но не се добредојдени за место каде што треба да се одмораме“, вели дизајнерката Кејт Дафи.

Наместо тоа: Изберете топла сива или крем-бела, и комбинирајте ги со детали или тапети со повесели принтови– тоа внесува суптилна топлина и живост.

Силни, „енергетски“ бои – жолта, фуксија, неон

Колку и да ги сакате жолтата како канаринец, фуксија-розовата или ненско зелената, овие нијанси буквално го „будат“ телото и умот – токму спротивно од она што ни треба за квалитетен сон.

„Силните бои се визуелно стимулирачки – особено кога ги засилува дневната или вештачката светлина. Тоа значи дека телото не добива сигнал дека е време за одмор“, вели Дафи.

фото пекселс

Наместо тоа: Користете пригушени верзии од вашите омилени бои. Сакате розово? Пробајте пудра-розова. Обожавате зелена боја? Избери маслинасто зелена нијанса. А силните нијанси оставете ги за детали – перници, ќебиња, постелнина.

Црвена – боја на страст, но не и на мир

Иако темноцрвената се враќа во мода и изгледа драматично, таа не е добар избор за спална соба.

фото пекселс

Црвената боја го подигнува крвниот притисок и ја зголемува вознемиреноста – токму спротивното од она што ни е потребно навечер.

„Ако веќе сакате длабока боја, изберете топла виолетова или вино нијанса со смирувачки подтон“, советуваат дизајнерите.

Црвената оставете ја за дневната соба или за кујната – таму каде што енергијата и динамиката се добредојдени.

Совет плус: Не само ѕидовите – размислете и за текстилот

Дури и ако ѕидовите се во неутрална боја, преку постелнината, завесите и теписите внесувате енергија во просторот.

Избегнувајте „нападни“ бои во спалната – балансирајте со природни, меки текстури и тонови.

На крајот, слушајте го вашиот внатрешен мир. Домот треба да одговара на вашата енергија, но и да ви ја подари тишината што ви е потребна. А спалната соба, повеќе од сè, заслужува да биде ваша оаза на смиреност.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button