Ајше Гулнев Османоглу е директна потомка на Отоманската династија и внука на султанот Мурат V. Има двојно британско и турско државјанство и се декларира како Османлијка со турско потекло. Гордa е што може да го проследи своето семејно стебло сè до султанот Сулејман Величествениот.
Родена е во Англија, но нејзината животна мисија е длабоко поврзана со Истанбул и историјата на нејзините предци.
Нејзиниот татко, принцот Осман Селахедин, е потомок на султанот Мурат V преку неговиот татко принц Али Васиб, и на султанот Мехмед V Решад преку мајката, принцезата Емина Мукбиле. Семејството долго време било во егзил, но подоцна се населиле во Лондон.
Иако израсната во Англија, редовните посети на Истанбул оставиле силен впечаток врз Ајше. Таа дипломирала историја и политика на Универзитетот во Ексетер, а магистрирала турски студии со фокус на османлиската историја.
Нејзиниот најпознат роман, „Златниот кафез на Босфор“, е објавен е во 2020 година, симболично на 144-годишнината од доаѓањето на Мурат V на престолот. Книгата првично била замислена како семејно наследство за нејзините деца, со цел да ја разберат историјата на своето потекло.
Делото доживеа успех и на турски и на англиски јазик, а инспирација ѝ биле мемоарите на нејзиниот дедо. Ајше отворено признава дека пишува емотивно, од гледна точка на потомок, а не како неутрален историчар.
View this post on Instagram
Денес живее во Сасекс, Англија, со сопругот Николас Сатон и нивните пет деца. Во секојдневието ја негуваат турската култура, готват традиционални јадења, слават верски празници и често патуваат во Турција.


Во 2024 година, Ајше ја објави и книгата „Збогум на царскиот Истанбул“, посветена на 100-годишнината од прогонството на Османлиската династија по Законот 431. Ова дело е омаж на достоинството и истрајноста на нејзините предци.
„Моите предци ја оставија душата во Истанбул таа ладна мартовска ноќ кога го напуштија Серкеџи со Ориент експресот. Оваа книга е напишана за нив“, вели Ајше.