MAMAДом и семејство

Велигденски јајца какви што нема (речиси) никој -трикови од руски домаќинки за лесно, евтино и необично вапсање

Најдобар ефект се добива со бели јајца, но и кафеавите може да бидат интересни, само боите ќе бидат потемни.

Advertisement

Секоја година пред Велигден се отвора истото прашање: како да вапсаме јајца, а да бидат поинакви, уникатни а евтини, лесни за правење и — зошто да не — вистински мали уметнички дела. Исто така, многу домаќинки се грижат дека со боите ќе се извалкаат садовите, особено ако користат природни методи со цвекло, кромид и слично.

Добрата вест е дека овие необични, но проверени трикови од руските домаќинки не бараат готвење со боја во тенџере — значи, нема дамки на садови и нема гужва во кујната!

Advertisement

Со едноставни состојки што сигурно ги имате дома, ќе добиете ефектни и оригинални јајца, без скапи материјали. Еве ги најинтересните методи за вапсање од руските домаќинки:

Вапсање со пена за бричење (или пена за коса)

Идеално за деца и креативни души! Во плитка чинија ставете пена, капнувате неколку капки боја за храна, лесно мешате со чепкалка за да се создаде мраморен ефект. Јајцето го валкате во смесата, го оставате 10-15 минути, па го бришете.

Резултатот е мраморно обоено јајце како од бајка.

Advertisement

Каде да се сушат: На решетка или на хартија за печење, без допир со други јајца за да не се замачкаат боите.

Вапсање со салфетки и оцет

Завиткајте сварено јајце во хартиена салфетка, капнете различни бои за храна, наросете оцет, и оставете 15 минути. Кога ќе ја одмотате салфетката – ќе добиете ефект на супершарено и весело јајце!

Каде да се сушат: На кујнска хартија, со малку простор меѓу нив.

фото-пекселс

Вапсање со весници или хартија за печење

Старата хартија не мора да оди во ѓубре! Завиткајте топло сварено јајце во хартија натопена со оцет и боја за готвење. Оставете го 20 минути, и ќе добиеете ефект како од акварел – секое јајце различно.

Каде да се сушат: На кујнски тацни, секое завиткано јајце на своја хартија.

Вапсање со пластична кеса

Ставете неколку капки боја во кеса, вметни јајце и внимателно притискајте од сите страни. На крајот, ќе добиете ефект како прскање со боја. Едноставно, а изгледа фантастично.

Каде да се сушат: Во самата кеса – само оставете ги да „одморат“ 10 минути.

фото-пекселс

Вапсање со алуминиумска фолија

Во парче фолија ставете малку боја, завиткајте го топлото сварено јајце и го оставиете 15 минути. Ефектот е „мозаик“, идеален за елегантни и уникатни јајца.

Каде да се сушат: Во фолијата – а кога ќе ја одмотате, само избришете со салфетка.

фото пекселс

Совети:

Користете ракавици, особено со прехранбени бои.

Ако бојата е водена, додадете малку оцет за подобар ефект.

Секогаш вапсајте јајца што се на собна температура.

Најдобар ефект се добива со бели јајца, но и кафеавите може да бидат интересни, само боите ќе бидат потемни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button