Младо момче од Македонија има 80 овци и живее како во хациенда во Шпанија – тука му е како во рајот!
Сам свој газда, тука му е најубаво...

Веќе со децении се зборува за нашите села и фактот дека многу од нив се речиси целосно празни. Се празнат и нашите помали градови каде младите не можат да најдат работ и да се обезбедат пристојна иднина, а во многу селата сликата е уште потажна.
Доволно е само да се прошетате низ некои посиромашни делови од Македонија и ќе забележите дека цели места се празни.
На ниту една куќа не чури ниту оџакот, ролетните се спуштени, а само тука и некаде ќе сретнете по некое старо лице.
Принтскрин/ Јутуб
И кога ќе прашате некој од нив каде се младите, тие ќе ви речат дека или заминале во јабана или пак во некој поголем град.
Но сепак, постојат поединци и во нашата чудесна Македонија кои решиле да останат на село. Исто така, во последно време како да се зголемува интересот и кај оние што никогаш не живееле во рурално подрачје или имаат куќа и имот кои ги наследиле од семејството, па решиле да му се вратат н селскиот живот и да зпочнт одново.
Принтскрин/ Јутуб
Една таква приказна за еден млад човек кој решил да остане на село и да чува овци можевме да слушнеме и во следниот поткаст.
Станува збор за поткастот на Сител, еден од подобрите што сме ги гледале во последно време, а во кој гостува Томче Јосимовски.
Принтскрин/ Јутуб
Тој на гледачите им е познат и по емисијата „Мое село“, а овој пат зборуваше за едно младо момче кое случајно го сретнал, а кои во кратки црти живописно му објаснило зошто ужива во животот на село.
Неговиот соговорник имал 80 овци, па како што му кажал, најубаво му е затоа што тука е сам свој газда, а и убаво живее од овците.
Но како што објаснува Јосимовски, животот на село и пред се сточарството не е лесна работа, бидејќи во секое време мора да има некој да те замени, некој што ќе се грижи за домаќинството.
Принтскрин/ Јутуб
Животните во секое време некој мора да ги нахрани, да ги напои, како и еден куп други обврски кои мораат да се завршат.
Живот на село како во хациенда во Шпанија
„Живеам живот како хациенда да имам во Шпанија“, му кажал соговорникот, а што уште слушнал од ова младо момче од Романовце, погледнете во продолжение.
И во Македонија се продаваат десет парцели за градба на куќи за едно евро квадрат?
Потсетуваме, овие денови беше актуелна веста дека Општина Штип објави продажба на десет градежни парцели за изградба на куќи во приградската населбата Три Чешми.
И како што откри секретарот на општината Штип, Вишна Шорова Ангелова, на прес-конференцијата, за овие парцели сите заинтересирани можат да се пријават до 28 април.
Принтскрин/ Јутуб
Препородот на селата, но и на сите оние места кои се испразнија со текот на годините, треба да биде национален интерес
Електронската аукција ќе се одржи на 30 април, по што оние кои ќе понудат највисоки цени ќе склучат договор со Општина Штип, а со договорот ќе бидат обврзани во рок од девет месеци да извадат одобрение за градба и во рок од десет години да завршат со градбата на објектот, велат од Општината.
Со овој проект се спроведува програм за обезбедување на дом на млади семејства, но истовремено и се населуваат овие места.
Во овој дел о близина на Штип и во изминатиот период исто така се доделија десет парцели за изградба на куќи за млади семејства.