Методија го качија на раменици, Спасен никогаш повесел – бакшиш од сите страни, меракот преголем (фото)
Нашите музичари направија уште една одлична забава...

Е вака се веселат нашите во Австралија
Спасен Сиљаноски заедно со младиот пејач Методија Столески и момците од „Престиж бенд“ направија уште една луда забава.
Тие пред неколку дена ја започнаа својата турнеја во Австралија, а сега Спасен на Инстаграм сподели снимка од еден нивен настап.
Принтскрин/ Фејсбук, Спасен Сиљаноски
Од она што може да го видиме е дека пејачите ги крена сите на нозе, па задно со гостите играат, пеат и се веселат за сите пари.
На една од снимките се гледа и како младиот пејач Методија го качија на раменици, па и му лепат бакшиш на челото додека тој заедно со Спасен ја пее популарната македонска песна „Свадба голема“.
И додека тие пеат „тапан силно нека удри, зурли нека вијат“, нашите иселеници се веселат и уживаат во музиката.
Принтскрин/ Фејсбук, Спасен Сиљаноски
На една од снимките се гледа и како сите заедно ги пет стиховите, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Принтскрин/ Фејсбук, Методија Столески
На фотографиите и снимите кои испливаа во јавноста се гледа и како гостите им лепат пари на музичарите, понесени од атмосферата.
Принтскрин/ Фејсбук, Методија Столески
Цело време се играше и пееше, а Спасен и Методија успеаја и овој пат да направат забава за која уште долго време ќе се зборува.
Принтскрин/ Фејсбук, Методија Столески
Инаку, Спасен никогаш не криел дека обожава да настапува пред нашинците од дијаспората кои секогаш го дочекуваат македонските музичари со воодушевување.
Принтскрин/ Фејсбук, Методија Столески
Тие според него се посебна публика, и како што самиот вели, за него секогаш приоритет е токму таа да биде задоволена.
Принтскрин/ Фејсбук, Методија Столески
„Македонците во дијаспората се навистина прекрасна публика, барем оние кои што доаѓаат на моите настапи. Мислам дека повеќе ја сакаат и ценат македонската музика. Сметам дека тоа се должи на фактот што се повеќе одделени од родниот крај и тука настапува носталгијата. Еден од моите најдобри настапи кои што ги паметам дефинитивно е концертот кој што го одржав во Торонто- Канада“, откри Спасен неодамна во интервју за Гламур, неколку недели пред да замине на турнејата во Австралија.
Принтскрин/ Фејсбук, Спасен Сиљаноски
Не се сомневаме дека Спасен е воодушевен и од настапите во Австралија, за што впрочем зборуваат и самите снимки.
Како сето тоа изгледаше погледнете во галеријата, а целото интервју со Спасен прочитајте го тука…