Најбогатата пејачка со потекло од Македонија вози „ѕвер“ од 150.000 евра – беше сиромашна, сега има милиони
Пред две години купи ист автомобил, сега ја промени само бојата, а од цената - боли глава!

Пејачката се почести со нова „бесна“ машина
Познатата фолк-пејачка Надица Адемов деновиве се почести со ново „Порше“, мали поразлично од она што го имаше досега.
Како што пишуваат српските медиуми, пејачката која по потекло е од Македонија, овие денови решила убаво да се почести.
Инстаграм/ Надица Адемов
Интересно е тоа што станува збор за истиот модел што го купила и пред две години, но само во поинаква боја.
Од цената на новиот џип боли глава
Па така таа досега возеше порше во портокалова боја, а новиот модел што сега го вози е во сина и чини околу 150.000 евра.
Инстаграм/ Надица Адемов
Надица вози Порше Кајен Купе
Потсетуваме, Надица минатата година за својот 28 роденден беше запросена од своето момче милионер со дијамантски прстен.
Инстаграм/ Надица Адемов
Таа тогаш се пофали со големиот дијамант во форма на срце, откривајќи дека му кажала „да“ на својот партнер.
Станува збор за богат бизнисмен од Германија, Дамир, со кого пејачката се остари во улога на мајка и доби две деца.
Инстаграм/ Надица Адемов
Пејачката ужива во брачниот живот
Тие сега се горди родители на ќерката Мелина и синот Амел, а пејачката ужива во мајчинството, но и во брачниот живот.
Инаку, Надица по потекло е од Скопје, од каде заедно со нејзиното семејство ќе се пресели во Суботица, додека нејзиниот брат ќе остане во Македонија.
Повеќе за ова прочитајте тука...
Инстаграм/ Надица Адемов
Најголемиот бакшиш во кариерата
Како што самата пејачка во една пригода откри, најголемиот бакшиш го има добиено на настап во Австрија.
Инстаграм/ Надица Адемов
„Беше тоа во Виена, и тоа повеќе од 10.0000 евра. Не остана сé за мене, секако, ама имаше а мене и до 10.000 евра“, раскажа во една пригода шармантната пејачка во „Цеца-шоу“.
Инстаграм/ Надица Адемов
Кралица на ромските свадби
Инаку, Надица не била отсекогаш богата, а како што пишуваат за неа, таа порано работела на пазар и им помагала на родителите.
Но по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ нејзиниот живот потполно се менува, па уште како малолетна стекнува голема популарност и ја прогласуваат за кралица на ромските свадби и веселби.
Повеќе за ова прочитајте тука...