Многу Македонци се селат во Германија, а што прават Германците? Ќе се изненадите од овие бројки
Можеби звучи чудно, но во последните години и Германците се помасовно емигрираат во други земји..

И додека многу наши сограѓани заминуваат на работа во Германија, еве во кои земји најчесто се иселуваат Германците.
Според Сојузниот завод за статистика, само во текот на 2023 година од Германија се иселиле 1.3 милиони луѓе, вклучувајќи ги во оваа бројка и странските државјани. Само во текот на минатата година емигрирале околу 265.000 граѓани со германски пасош, а изненадување е тоа што земјите во кои најчесто одат не се така далеку како што некои би можеле да претпостават, а едн е посебно интересна.
Имено, Германците и покрај тоа што радо го поминуваат годишниот одмор во потоплите краеви, ретки се оние што ќе одлучат да се преселат во некоја од егзотичните дестинации кои најчесто ги посетуваат.
Причина за тоа секако е јазичната бариера, но и економската ситуација во многу од овие земји која и не е баш сјајна.
Од друга страна од Сојузниот завод за администрација порачуваат дека сите оние што размислуваат да се преселат во друга земја како емигранти или како работници во странство треба да се ослободат од заблудите и да бидат потполно информирани за условите за живот и престој што таму ги очекува. Од овие причини многу луѓе кои сакаат да емигрираат не се свесни се препреките.
Па така многу пати факторите како што се постојаниот престој, потоа купување недвижност, даноци и трошоци, како и бирократијата, многумина ги прескокнуваат, а тие се суштествени.
Иселениците често ги потценуваат предизвиците кои што го следат животот во странска земја. Најчеста грешка, посебно кај оние од помладата популација е претпоставката дека соништата многу полесно се остваруваат во странство. Но јазичната бариера и културната разлика дополнително ја отежнува интеграцијата на иселениците во други земји, пишува „Перспективеаусланд“.
Фото: Фрипик
Најпопуларни дестинации
Според податоците на порталот „Германци во странство“ (ДИА), земји во кои најчесто се иселуваат овие граѓани се следните:
Имено, три земји во кои Германците најмногу емигрираат според податоците за 2023 година, се: Швајцарија, Австрија и Шпанија.
Од овие кои сепак најатрактивни се првите две како заради географската близина, така и заради културните и јазичните сличности.
Фото: Фрипик
И пензионерите се селат
Постојат и голем број пензионери кои сонуваат своите пензионерски денови да ги поминат во странство, а голем дел од нив тоа и го направиле. Но според истражувањата, а како што објави хрватскиот Феникс, пензија да се помине каде што многумина одат на одмор звучи примамливо, но тоа може да биде и осамено.
Омилената дестинација на Германците
Швајцарија и понатаму останува најомилената дестинација на Германците кога е емиграцијата во прашање.
По Швајцарија следува Австрија, а на трето место е Шпанија. Причините за преселба во Швајцарија се повисоките плати и помалите даноци.
Фото: Фрипик
Па така во 2023 година во Швајцарија постојано живееле преку 315.000 германски државјани, што е за околу 1.5 % повеќе од претходната година. На второ место е Австрија со 225.000, а на трето е Шпанија, каде своето прво место на живеење го пријавиле повеќе од 125.000 Германци, објави Заводот за статистика на Германија.
Останати дестинации
.Меѓу првите десет земји во Европа во кои Германците претпочитаат да емигрираат се Франција, Италија, Холандија и скандинавските земји. Кога станува збор за Швајцарија и Австрија, статистичарите не се сомневаат зошто овие земји се популарни кај Германците кои сакаат да емигрираат. „За Австрија и Швајцарија заедничко е близината и недостатокот на јазична бариера“, се вели во соопштението за печатот на германскиот завод за статистика. Кога станува збор за Швајцарија, на тоа може да се додадат и многу повисоки плати отколку во Германија со многу пониски даноци. Според податоците на порталот за емигранти во Швајцарија, ПерспективеАусланд, бруто-платите во Швајцарија се во просек 70 отсто повисоки отколку во Германија со многу пониски даноци на доход (15 до 25 отсто), но во исто време и трошоците за живот кои се значително повисоки отколку во Германија.
Од друга страна пак, пензионерите кои сакаат да го поминуваат времето во потопла клима и со помали трошоци за живот најмногу се преселуваат во Шпанија и Франција. Швајцарија е исто така земјата каде што повеќето Германци аплицираат за државјанство.
Кога станува збор за земји надвор од Европската унија, германските граѓани претпочитаат да емигрираат во САД, Турција и Обединетите Арапски Емирати.
Најмногу Американци се Германци?
Можеби не сте знаеле, но најголемиот број од луѓето што денес живеат во Соединетите Американски Држави потекнуваат од европски имигранти кои се преселиле таму меѓу 17-от и средината на 20-от век.
Кинезите, Индијците и слично масoвни народи ги нема ни во првите 12.
Најголемиот бран на Германци се доселува во Америка во средината на 19-от век, поттикнати од граѓанските немири и високата невработеност што во тие години се случува во Германија.
Денес, најголемиот број од Американци со германско потекло се сместени во континенталните сојузни држави.
Извор: Феникс, Телеграф, Гламур.