Не јаде веќе 9 дена: Владо Георгиев влезе во 201 час без храна и порачува дека нема да застане – ова е причината
Следната цел му е, како што вели, 216 часа.

Пејачот Владо Георгиев ги шокираше своите следбеници на мрежата „X“ со објавата дека одлучил да се придржува до најстрогиот пост – целосно без внес на храна, со цел да го активира процесот на аутофагија.
Пред девет дена, Георгиев откри дека започнува предизвик на воздржување од храна во подолг временски период.
Advertisement
„Повторно гладување и аутофагија, без храна во наредниот период, ќе видиме колку долго. Се надевам што подолго, но и 100 часа се веќе голема работа за организмот“, напиша Георгиев.
Во меѓувреме, пејачот редовно ги информира следбениците за својот напредок, а денеска сподели дека успешно влегол во 201 час без храна, односно повеќе од осум дена целосен пост.
Следната цел му е, како што вели, 216 часа.
„Засега се чувствувам феноменално, неверојатен баланс без никакво чувство на глад. На сите што имаат сила за одлука, им го препорачувам ова од срце“, напиша Георгиев на платформата „X“.
Станува збор за диета позната како аутофагија – процес во кој телото за време на продолжен пост ги користи сопствените ресурси за енергија, елиминира токсини и ги топи масните наслаги.
За време на овој режим на исхрана, забрането е внесување било каква храна, но е дозволено консумирање вода, чаеви и природни сокови без калории. За да се активира процесот на аутофагија, потребно е да не се внесуваат калории најмалку 12 до 16 часа.
Георгиев, очигледно, ја има надминато оваа граница, а неговите фанови со внимание следат како ќе продолжи неговиот експеримент.
Аутофагијата (од грчки auto = сам, phagein = јадам) е природен биолошки процес во кој клетките ги разградуваат и рециклираат своите оштетени делови – како што се стари или нефункционални органели, протеини и друг клеточен отпад. На тој начин, организмот се чисти, се обновува и се штити од болести.