Ова е родениот брат на пејачот Благоја Грујовски – ова малкумина го знаат за него, ќе се изненадите
И двајцата музиката им е во крвта....

И тој е дел од музичкиот свет во Македонија, но не е популарен како неговиот брат иако веќе со години е присутен на сцената
И додека за Благоја Грујовски нема некој што не слушнал, за неговиот брат многу повеќе знаат оние што ја следат нашата народна музика.
Имено, малкумина знаат дека Благоја има брат кој исто така е музичар, и тоа не било каков, туку еден од најдобрите.
Принтскрин/ Јутуб
Благоја во младоста
Станува збор за Ташко Грујовски еден од најдобрите контрабасисти и тамбураши во Македонија.
Ташко е автор и на голем број народни песни од кои повеќето сигурно сте ги слушнале, но не сте знаеле дека се негови.
Принтскрин/ Јутуб
Пријателе мој – песна на Ташко Грујовски
Една од овие песни е и „Пријателе мој“, која Благоја ја испеа со Гоце Пејковски, а песната е дело на Ташко.
И додека Благоја веќе со децении важи за еден од најбараните пејачи и е дел од шоубизнисот, неговиот брат можеби помалку го има во светот на естрадата, но гледано музички, и тој е сеприсутен.
А дека тоа навистина е навистина така, може да забележите и од следниве неколку снимки каде што се појавува и Ташко.
Потсетуваме, Благоја и Ташко се синови на големиот Мате Грујовски, наш познат композитор чии песни ги пееле многу ѕвезди.
Тој долго време беше уредник и продуцент во МРТВ, а како што Благоја откри во една пригода, токму неговиот татко е и главниот „виновник“ што и тој почнал да се занимава со музика, иако веќе работел како новинар и завршил Факултет за новинарство.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Туѓино јабано
Неговиот прв забележителен настап беше пред повеќе од 30 години и тоа на фестивалот „Цветници“ задно со групата „Мераклии“.
Тој тогаш сосем случајно ја снимил со нив песната „Туѓино јабано“, и со ова песна преку ноќ станува славен и еден од омилените фолк-пејачи.
И како што самиот изјави во една пригода, тогаш успеале да го убедат да ја сними песната, а потоа и да излезе и да ја пее.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
„Некако успеаја да ме убедат и дали за жал или за среќа, а верувам дека е за среќа, бидејќи песната стана многу слушана и голем хит во тоа време, дури и евергрин, и од таму почна моето патешествие како пеач“, откри во едно интервју Благоја за Гламур магазин. Тој можеби тогаш ја започнал својата кариера како пејач, но со музика е од мали нозе, повторно благодарение на неговиот татко.
Омилениот инструмент
„Мојот живот со музиката почна уште од најмалите години. Почнав да учам музичко и таму ми одредија да свирам виолина и завршив нижо музичко и тогаш ми се изгуби желбата бидејќи имав многу желби во различни насоки. Повеќе ме интересираше спорт сакав многу фудбал но изгледа не бев предодреден за тоа, отидов во бокс во средно гимназија таму бев поуспешен и потоа дојде хепатит жолтица инфективна и морав да се откажам, и од тогаш почнав да свирам саксофон“, изјави Благоја тогаш во неговото интервју за Гламур магазин, додавајќи дека во овој инструмент се вљубил.
„Најпрвин како хоби но подоцна се вљубив во инструментот и така почнав да свирам саксофон. Инструментот го најдов дома, татко ми го имаше донесено за некој негов ангажман, инаку татко ми беше кларинетист не саксофонист. Татко ми ми ги покажа основните први чекори, а потоа сам учев“, се присети тогаш пејачот, а целото интервју со познатиот пејач, прочитајте го тука.