ИнтервјуНаши ѕвезди
COVER STORY

Во Хунза нема канцерогени заболувања, заради маслото од семка од кајсија – бизнис приказни со Марина Дојчиновска

„Не треба да имате онколошка дијагноза, за да го имате маслото покрај себе. Напротив - користете го за не станете онколошки пациент!“ вели Марина Дојчиновска за Гламур

Advertisement

Марина Дојчиновска поголемиот дел од својот  живот го помина со телевизии, снимања, студија, микрофони, монтажи и слично, но сета оваа телевизиска терминологија веќе неколку години ја замени со нови термини, а студиското секојдневие со други ситуации, транспорт, шпедиции, царини, фактури, сметководства, даноци, маркетинг. Отворањето на Хунза Веда Клубот беше нова страница во нејзиниот живот, која успешно трае веќе 15 години. Што сé ни откри Марина за нејзиниот бизнис, но и за придобивките на Хунза капките или маслото од кајсија и нивната примена прочитајте во продолжение.

Приватна архива

Прашање: Марина Вие сте сопственик и основачот на Хунза Веда Клуб . Прв пат се качивте  на Хималаите и ја откривте Хунза во 2005 година. Како дојде до идеја да започнете со овој бизнис, но и да го донесете хунза маслото во Македонија?

Посетата на хималајското Кралство Хунза беше моја долгогодишна професионална желба. Неколку години преходно првпат слушнав за тоа мистично место и упорно барав начин и можност да го реализирам тој новинарски предизвик – да ги пронајдам, да ги снимам и документирам, а потоа да ги споделам со македонската јавност изјавите на овие луѓе, кои за себе тврдат дека се Македонци.

Advertisement

Мојата прва посета на Хунза се случи во 2005,а потоа уште неколкупати престојував кај нив. И тие беа мои гости овде неколкупати. Првпат дојдоа во 2008 год. и тоа: Кралот Мир Газанфар Али Кан, Кралицата Рани Атика, Принцезата Фаусија Малик со уште тројца Хунзи во нивната делегација.

Тоа беше навистина настан за паметење, пренесуван од сите македонски медиуми, од медиумите во регионот, но и од Њујорк Тајмс, Хералд Трибјун и тн.-кои излегоа со наслови како ,,Последната битка за Александар“!

Со жалење можам да констатирам од денешна перспектива, дека иако ја добивме последната битка-војната ја изгубивме!

Advertisement

Сепак,тоа не ја намалува вредноста и достигнувањето на овој проект. Без оглед на некакви политички договори, Хунзите и понатаму се чувствуваат како Македонци, јас исто така…

Тоа е таа нераскинлива конекција која не зависи од политички околности и нечии потписи.

После првата средба со Хунзите и сите впечатоци со македонски предзнак, откривa и други специфики кои ги прават овие луѓе уникатни и необични. Една од нajбитните е нивната долговечност. Тие вообичаено живеат над 100 години, според филозофијата дека од овој свет треба да се замине од старост, а не заради болест.

Втора важна специфика што ги прави планетарен феномен е фактот дека кај нив нема заболени од канцерогени болести.

Третата специфика, која е во директна поврзаност со втората и првата, е откритието дека тие секојдневно во својата исхрана користат масло од семка од кајсија, кое самите го прават рачно според нивна стара рецептура, од нивните кајсии кои во Хунза ги има во секој двор.

Во исто време,до мене дојдоа и некои истражувања во врска со канцерот од Др.Ернест Кребс и тогаш првпат слушнав за Б-17-за кој Кребс тврди дека ги уништува канцерогените клетки, а го има најмногу во семката од кајсија. Според оваа студија во кајсијата има 200 пати повеќе Б-17 од било кој друг извор. Фасцинантно ми делуваа овие сознанија и логично беше да се поврзат информациите-дека во Хунза нема канцерогени заболувања, заради секојдневното внесување во организмот на Б-17,т.е. маслото од семка од кајсија. Така се започна!

И трае веќе 15 години!

Прашање: Кои беа некои од предизвиците со кои се соочивте во раните фази на започнување на бизнисот?

За некој како мене, кој целиот свој претходен живот го поминал со телевизии, снимања, студија, микрофожи, монтажи и сл. и со диплома од Филозофски факултет-бизнисот навистина беше непозната категорија, со многу непознаници и прашалници.

Телевизиската терминологија мораше да се замени со нови термини, а студиското секојдневие со други ситуации- транспорт, шпедиции, царини, фактури, сметководства, даноци, маркетинг и тн.
Сето тоа беше нова страница во мојот живот, која требаше да се пишува од почеток.

Приватна архива

Прашање: Колку време беше потребно да го развиете овој бизнис и колку сте задоволни до сега од она што е денес Хунза Веда Клубот?

ХУНЗА ВЕДА КЛУБ не е случајно избрано за име на Компанијата.
ХУНЗА Е ХУНЗА и во Македонија сите дознаа за ХУНЗА,после 2005тата.

Но зошто ВЕДА?

Ведите се најстарите записи на човештвото.Само на САНСКРИТ и на убавиот македонски јазик, ВЕДА значи исто-ВИДИ;ВОВЕД;ВОВЕДУВАЊЕ во нешто ново, а всушност во нашиот случај, нешто старо, вековно, но драгоцено и алхемично. Сончевите капки од Хунза, екстрактот од семките од нивните кајсии е нивната најголема скапоценост што тие ја споделија со Македонија а потоа и со остатокот од светот.

Зошто КЛУБ?

Затоа што уште пред 15 години сметав дека моја обврска е да ги донесам сончевите капки Хунза масло во Македонија и да ги направам достапни за секого. Сметав дека луѓето што ќе го користат и ќе ја препознаат неговата вредност, ќе станат поврзани со нас и меѓусебе по таа основа.

И тоа се случи и се уште се случува!

Секојдневно сме во комуникација со луѓето што го употребуваат-да објасниме, да советуваме,да препорачуваме. Не треба да имате онколошка дијагноза, за да го имате маслото покрај себе. Напротив-користете го за не станете онколошки пациент!

Беа потребни 2-3 години за промоција на Хунза сончевите капки на македонската јавност и за распространување и дистрибуирање во аптеките и продавниците за здрава храна низ Македонија.
Дека успешно и квалитетно сме го промовирале како бренд, говори и фактот што за многу кратко време и во регионот и соседните земји дознаа за маслото од Хималаите и сакаа да го имаат и кај нив.Одамна го извезуваме во Србија, Бугарија, Хрватска, Швајцарија.

Дека сме создале вистински јак бренд, говори и фактот што во последно време се соочуваме со непријатни ситуации – да го копираат и фалсификуваат!Тоа се случуваше во Бугарија и потрошивме многу време и енергија со нашиот адвокатски тим да го спречиме тоа.

За жал,неодамна се појави таков случај и во Македонија. Некоја течност со неидентификувано потекло се продава со етикета на Хунза масло и дури се рекламира на социјалните мрежи. Ги превземаме сите можни мерки да се спречи и овој обид за кражба и злоупотреба на брендот Хунза масло, но морам да предупредам да се внимава од каде и од кого се набавува.

Оригиналното е Хунза масло од семка од хималајска кајсија (така е декларирано на кутијата и на етикетата).

Има една изрека која ја знам одамна од еден од најголемите македонски уметници, мојот драг пријател Вангел Наумоски, чии слики многу често ги фалсификуваа разни аматери и ги продаваа низ Европа.
Тој велеше-,,Ако те фалсификуваат-тоа значи дека си ГОЛЕМ!,,

Тој БЕШЕ голем! Изгледа и ние станавме…!

Приватна архива

Прашање: Што јадат Хунзите и дали дојде до податок за нивните евентуални заболувања. Дали се тоа оние вообичаените заболувања од нашите простори – како дијабетес, срцеви заболувања, тумори, или со оглед на нивниот начин на живот, некои поинакви?

Овој долговечен народ е феномен од планетани размери, кога станува збор за нивното здравје. Освен хималајскиот воздух што го дишат и водата од сив глечер што ја пијат- тие имаат многу едноставна исхрана базирана на зеленчук и овошје што ги произведуваат во своите градини. За готвење го користат своето масло од семка од кајсија. Се движат многу повеќе од луѓето од западната цивилизација, но сепак најважен фактор за нивното добро здравје и длабока старост, според мене е нивната духовна вертикала и поглед на светот. Таму нема криминал, полиции и затвори. Никој не краде, не лаже и не се пресметува физички и нема агресии – туку сеприсутна блажена насмевка на нивните лица од кои зрачи добрина и племенитост. Веројатно затоа нема болести и имаат добро здравје и долговечност.

Прашање: Кој е нивниот животен век, доживуваат ли длабока старост и какава е нивната исхрана. Дали се базира на сопствено, домашно производство?

Делотворноста на Хунза маслото или Хунза сончевите капки-(така си го нарекуваат тие) ,се должи на квалитетот на хималајските кајсии кои никогаш не дошле во допир со хемиски препарати, а потоа и на начинот на цедење. Семките од кајсиите после бербата се оставаат на сонце да се исушат неколку дена, потоа рачно се толчат-камен на камен, истолчени се загреваат на ниска температура и кога ќе почнат да го ослободуваат маслениот супстрат, се цедат со дрвена преса. Така остануваат сочувани сите квалитетни елементи, витамини и минерали. Маслените капки се богати со витамините А, Е, К, Б и Б17. Линолна и други есенцијални масни киселини, ОМЕГИ 3,6 и 9 -што е невозможно да ги најдете како комбинација во еден производ, олигоелементи и фитостероли.

Во врска со рецепт со Хунза масло, за кој ме прашавте би издвоила палачинки испржени на Хунза масло или најобична салата од зеленчук или компир врз која ќе капнете 10-тина капки од маслото.
Инаку во Хунза се готви исклучиво со маслото од семка од кајсија.

Приватна архива

Прашање: Малку повеќе нешто да ни кажете за употребата на двата типа на капки, и за што се користат едните а зашто другите?

Има два вида Хунза масло -од слатки семки (кое се препорачува за деца до 12 години и од горки семки – кое го препорачуваме за сите возрасни, зошто во својот состав го содржи и драгоцениот елемент Б17, што го нема во слатките семки. Маслото може да се зема самостојно, но може да се зема и вклучено во исхраната. Доволни се 10-15 капки наутро и навечер-и вие сте ги внесле сите корис ни состојки за нормално функционирање на организмот во текот на денот.

Делотворноста е веднаш видлива кај стомачните и желудочните проблеми. Со употребата на маслото го хармонизирате метаболизмот на природен начин и си помагате во процесот на отстранување на токсините собрани во телото. Маслото помага кај ангини и кашлици, делува антивирусно и антивоспалително и има силни антиоксидативни својства.

Ги ублажува ,а со време и потполно ги елиминира реуматските болки, ако болното место се масира со Хунза капките секој ден.

Кога ќе видите како санира надворешни рани или изгоретини за многу кратко време, станувате свесни дека на истиот начин делува и на внатрешните органи и го прави отпорен целиот организам. Хунза капките се незаменливи и за нега на кожата,(особено зрелата кожа во повозрасните години), ја хидрира, измазнува и ги санира брчките. Спречува и зацелува иритации, акни и егземи и е моќна заштита за кожата од штетните сончеви зраци ,па ако го користите во козметичка цел-нема да ви бидат потребни креми со заштитен фактор.

Маслото од слатки семки е идеално за нега на кожата на вашите бебиња и дечиња.

Прашање: Каков совет би им дале на аспирантите жени претприемачи кои сакаат да се пробијат во индустријата за убавина?

ОСМЕЛЕТЕ СЕ И БЛЕСНЕТЕ!

Во денешниов свет во кој живееме, не постои разлика дали бизнисот го водат жени или мажи.

Никогаш не сум почувствувала разлика во сите овие 15 години колку што сум во светот на бизнисот. Битно е да имате квалитетни личности во вашиот видокруг на работа, а квалитетот на личноста никогаш не зависи од полот. Оние другите отпаѓаат низ ситото на практикување на бизнисот, исто така без оглед дали се мажи или жени. Имам соработници и соработнички со кои работам од почетокот, а има и такви со кои сум работела еднаш и никогаш повеќе. Но и од нив се учат бизнис лекции кои помагаат во понатамошното делување.

А кога станува збор за индустријата за убавина, имам еден совет кој се наметнува со нивото на освестеност и грижа за себе:

Работете со брендови базирани на природни основи,препарати создадени од органски суровини!

Убавината доаѓа од внатре па се рефлектира и на надворешноста. Тоа е светски тренд кој требе да стане принцип-

НА КОЖАТА САКАМ ДА НАНЕСАМ ПРЕПАРАТ КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ЈАДЕ(И ПИЕ)!-КАКОВ ШТО Е СЛУЧАЈОТ СО ХУНЗА КАПКИТЕ.

Приватна архива

Прашање: Урамнотежувањето на барањата за водење успешен бизнис и личниот живот може да биде предизвик. Како одржувате здрава рамнотежа помеѓу работата и животот и кои стратегии ги применувате за да се осигурате дека се грижите за себе, а истовремено ја движите вашата компанија напред?

Кога започнувате бизнис, обврските налагаат комплетно посветување на своето време и енергија кон таа цел. Кога се навраќам кон почетоците, се сеќавам дека бев толку многу инспирирана од големата цел, што ништо не ми претставувало тешкотија. Дури и во првите 3-4 години од тој период додека го поставував и развивав бизнисот,истовремено имав и телевизиски ангажмани и правев емисии. Во еден момент почуствував дека тоа ми претставува преголем напор и ми ја одзема целосно енергијата и нешто мораше да отпадне. За жал на новинарската димензија во мене, отпадна телевизијата, во функција на новата бизнис димензија каде што комплетно требаше да се насочи енергијата.

За да го работите бизнисот со полн капацитет неопходно е вашиот личен живот да биде поставен на квалитетни и стабилни основи, да имате поддршка и поткрепа од човекот до себе. Прегратката од човекот што ве сака е најубавиот амортизер на сите бизнис нервози.

Прашање: Колку според Вас жените се носат рамо до рамо со мажите во бизнис секторот, постои ли дискриминација?

Дискриминацијата како збор мислам дека е излишен во нашево современие на тој збор станувам свесна само кога патувам во Пакистан или некои други земји “од тој свет”.

Тогаш сум среќна што не сум се родила там. Мојот став е дека овде никој не може да ве дискриминира затоа што сте жена-ако вие самите не си го направите тоа, или ако сами не дозволите да ви го направат тоа! Никогаш не сум се почувствувала така и навистина не знам како изгледа тоа чувство на дискриминираност на жената, иако познавам жени на кои им е удобно во таква позиција мажот да се грижи за нив и за сите нивни потреби и потребите на семејството. Обично се случува таквиот модел на жени да се неспособни сами да функционираат ако се промени тој амбиент.

Затоа мојот совет до секоја жена е-БИДИ СВОЈА, БИДИ СИЛНА ,БИДИ НЕЗАВИСНА!

Приватна архива

Прашање: На крај, дали постои одредена мантра, цитат или потврда што ја држите блиску до вашето срце?

РАЗМИСЛУВАЈ КАКО КРАЛИЦА!
КРАЛИЦИТЕ НЕ СЕ ПЛАШАТ ОД НЕУСПЕХ
НЕУСПЕХОТ-Е САМО УШТЕ ЕДЕН ЧЕКОР ДО УСПЕХОТ!

Опра

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button