Оваа позната пејачка е мајка на една од најголемите МАКЕДОНСКИ Гранд ѕвезди – еве што вели за неа
Пејачот овие денови ги изненади сите со веста дека се разведува, но и со новиот спот што го објави...

За приватниот живот на Елизабета Неданоска-Јосифовска се знае многу малку, посебно откако таа замина да живее далеку од Македонија.
Но она што на сите им е познато е дека таа му е мајка на Александар Јосифовски, пејачот од Охрид кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“. И како што самиот Александар откри додека се натпреваруваше, токму мајка му го натерала да се пријави во шоуто, со ветување дека и таа ќе и се врати на музичката сцена доколку го направи тоа, а за време на натпреварот, му беше голема поддршка.
Елизабета на сцената се појави во 90-те години, а најпозната е по песната „Ем го мразам, ем посакувам“ од 1996 година.
Фејсбук/ Елизабета Неданоска-Јосифовска
Но на оваа наша фолк-пејачка музиката и е во крвта, па така нејзиниот син откри дека и новата песна му ја напишала таа.
Имено, Јосифовски деновиве го промовираше новиот спот за песната што ја сними за Гранд продукција, „Јас сум твое промашување“. И како што гордо откри текстот на песната го напишала неговата мајка Елизабета, додека музиката е негова, а песната е снимена во студиото на познатиот музичар Џенан Лончаревиќ.
Фејсбук/ Елизабета Неданоска-Јосифовска
„На крај Ссé излезе добро. И ние рокерите не треба да бидеме ограничени на основниот жанр. Секогаш со музиката што ја правам користам и веќе некој готов текст. Веројатно беше инспирирана од некој момент, но ја имаше целата слика и напиша навистина убав текст. Се вклопи во целата приказна. Мајка ми навистина е емотивен лик и допринесе песната да се изнесе 100 отсто мако што треба“, изјави шармантниот пејач за „Гранд.онлајн“.
Фејсбук/ Елизабета Неданоска-Јосифовска
Потсетуваме, пред само неколку ден многумина беа изненадени од веста дека Јосифовски се разведува од својата сопруга.
Инстаграм/ Александар Јосифовски
Тие долго време беа заедно, но и двајцата одлучиле дека е најдобро да се разделат и секој да продолжи по својот пат.
Повеќе за тоа што вели рокерот за оваа одлука прочитајте тука, а во продолжение слушнете ја и песната што ја напиша неговата мајка, која како да е напишана за сето она што се случува во животот на нејзиниот син.