Бизнис

Еве како да се богатите и додека спиете во вашиот кревет – парите во ова време вложете ги во овие работи

Недвижностите се хит, но ова е многу поисплатливо

Advertisement

Во денешно време постојат многу начини на инвестирање, но со новата економска криза која ни се случува, многу од нив се ризични.

И како пет најчесто начини на вложување на заштедата се истакнуваат купување на недвижнина, штедење во банка, животно осигурување, купување акции и инвестирање во алтернативни инвестициски фондови.

Advertisement

Но во последно време од овие пет начини еден се издвојува како најсигурен начин за чување на стекнатиот капитал.

Станува збор за вложување во недвижнини, па така и многу граѓани во нашата земја своите пари ги инвестираат на овој начин.

Advertisement
Фото: Фрипик

Предноста на овој начин на инвестирање на капиталот е во тоа што цената на недвижностите во последните неколку години постојано расте, па така некои инвеститори веќе го зголемиле својот капитал.

Оние што купиле имот пред да започнат поскапувањата, сега истиот можат да го продадат по многу повисока цена.

Од друга страна недвижностите можат и да се издаваат, па така во период од 15- до 20 години инвестицијата може да се поврати.

Но колку е сигурен ваквиот начин на инвестирање?

Пазарот на недвижнини не е секогаш предвидлив, па така и покрај тоа што цената во последно време постојано расте, ситуацијата може преку ноќ драстично да се промени, па враќањето на инвестицијата да стане долготраен и поприлично макотрпен процес, а во одредени случаи може да дојдете и до сериозна загуба.

Решение?

И бидејќи пазарот со недвижнини во моментов можеби е најпривлечниот начин на инвестирање на капиталот, не треба да заборавиме дека за да ги вложите парите на овој начин потребни ви се значителни средства уште на самиот почеток, а и купувањето, барањето како потоа и самото издавање, бара и нерви и време.

Според експертите, најпаметен начин да се вложи капиталот е да се направи диверзификација, односно да се расподелат вложувањата доколку сакате стабилни и сигурни приходи во иднина.

Затоа не треба да заборавиме и на останатите начини на вложување како што се штедење во банка, потоа животното осигурување, купување акции и инвестирање во алтернативни инвестициски фондови.

Фото: Фрипик

Исто така и инвестирањето во злато може да биде одличен начин за диверзификација на портфолиото и заштита на капиталот од инфлација, па многу стручњаци препорачуваат златото да се вклучи во долгорочниот финансиски план.

Инвестициското злато станува се попопуларен избор за граѓаните кои не се задоволни со ниските каматни стапки на заштедите во банките и не сакаат да инвестираат во поризични средства како акции, алтернативни инвестициски фондови или криптовалути.

Златото со векови се смета за симбол на богатство и сигурност. Во последните години, кога светот е потресен од неколку криза, како што беа пандемијата на коронавирус и војните во Украина и Израел, вредноста на златото порасна и достигна рекордни височини, така што оние што ги инвестирале своите пари на овој начин, можеби го направиле најпаметниот избор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button