Интервју со маестро Горан Алачки…
Подготовките за фестивалот Фолк фест Владимирово се при крај и на 26 април свечено ќе биде отворена Фестивалската сала во село Владимирово ко ја ќе го носи името на диригентот Ванчо Чавдарски кој потекнува од Владимирово. На фестивалот кој ќе се одржи на 29 мај ќе настапат 12 наши докажани фолк изведувачи кои ќе изведат песни од наши познати и докажани композитори. Фестивалот ќе има ревијален но и едукативен карактер – вели во разговор за Гламур маестро Горан Алачки кој е од најдобрите македонски хармоникаши и композитори на македонска народна музика.
Што уште ни откри Алачки за фестивалот, откријте во продолжение…
Горан, се ближи 29 мај кога треба да се одржи фестивалот “Фолк фест Владимирово 2025”, до каде се подготовките?
Подготовките се завршени .На 26 ти Април свечено ќе биде отворена Фестивалската сала во село Владимирово ко ја ќе го носи името на диригентот Ванчо Чавдарски кој потекнува од Владимирово . На отварањето ќе настапат Камерниот Оркестар Скопски Солисти под раководство на професор Васил Атанасов со солистот Борис Трајанов , баритон со светска кариера.
Потсетување за тоа колку песни се снимани и планирани, и колку изведувачи ќе има?
Овој фестивал , Академија на доајените на Македонската Песна, се работеше многу темелно. Песните беа снимени во oктомври минатата година и почнувајќи од Јануари 2025 веќе се вртат на сите радио станици. Целта е да песните влезат во перцепцијата на слушателите пред самиот фестивал. Ќе бидат изведени 12 композиции од авторите Григор Копров , Јанко Узунов / постхумно , Ванчо Тарабунов , Горан Алачки , Огнен Неделковски , Виданка Георгиевска, Соња Јанакиевска .
Како се носи одлуката кој ќе настапува?
Одлуката ја донесуваат академијата и директорот на фестивалот. Фалат уште неколку имиња кои од оправдани причини не можеа да настапат оваа година. Оваа година како интерпретатори ќе настапат:
Драган Милајковски – “Тука сум роден јас”, Круме Спасовски –“Мирна река тивко тече”, Зуица Лазова – “ Срце предавник”, Горан Кукиќ – “Голем мерак имам јас”, Жаклина Узунова – “ За секогаш “, Благоја Грујовски – “ Еј жено ти”, Ленче Кукиќ – “ Ракија се пече”, Наум Петрески – “Горо ле Горо”, Ванчо Тарабунов – “ Јован Делија”, Нино Величковски – “ Стара ламба трепери”, Перо Христов – “ Лилјано моја “, Виданка Георгиевска “Наша Македонија”
Дали сеуште е истиот оркестар останува што го најавивте и ако може да ги спомнете кои се музичари се ќе ги придружуваат пејачите?
1.МИЛЕ БАРБАРОВСКИ …………………………….Тапани
2.ВАЛЕНТИНО БЕНЕДЕТИ…………………………Гитара
3.РИСТО КРАПОВСКИ…………………………………Виолончело
4.ОРЦЕ ЛАЗАРОВ………………………………………..Мандолина
5.НИКОЛА МИТРОВИКЈ……………………………..Контрабас
6.СТОЈАН ДИМОВ………………………………………..Кларинет
7, ЛИЛЕ АВТОВСКА……………………………………Флејта
8. ВАСИЛ АТАНАСОВ…………………………………Обоа
9.ГОРАН АЛАЧКИ…………………………………..Хармоника
Дали фестивалот ќе биде ревијален или ќе има и награди и ако има какви ќе бидат наградите?
Фестивалот ќе има ревијален, но и едукативен карактер .
По што ќе се издвојува фестивалот “Фолк фест Владимирово 2025” од другите фестивали?
Како што кажав фестивалот има пред се Едукативен карактер да делува на младите автори и интерпретатори правилно да ја пеат, свират и општо интерпретираат народната музика и песна.
Во отсуство на национална продукција, академијата ќе се обиде да биде оној филтер кој ќе произведува чиста и рафинирана македонска музика без туѓи примеси.
И дали фестивалот ќе стане традиција?
Секако. Секоја година ќе се одржува на Спасов Ден кој е истовремено и слава на селото Владимирово. Секоја година ќе се придружуваат некои од помладите имиња кои ќе добијат зелено светло од академијата да пеат рамо до рамо со доајените на македонската песна.