MAMAДом и семејство

За 2.900 денари доби нова кујна – од стара бела до модерен дрвен изглед со само еден паметен трик

Една жена на социјалните мрежи покажа како успеала целосно да ја трансформира старата бела кујна и тоа за само 2.900 денари. Денес нејзиниот дом изгледа како нов – модерен, топол и стилски.

Advertisement

Реновирањето на кујна обично носи големи трошоци, а многумина се откажуваат од идејата веднаш по консултација со мајстори. Но, сѐ почесто на интернет гледаме инспиративни видеа од луѓе кои самите го обновуваат просторот во кој живеат – без мајстори и без огромен буџет.

Најчесто, првото нешто што ни здосадува е бојата на кујната. И токму таму можете да направите најголема промена – едноставно, лесно и евтино.

Advertisement

Оваа жена користела самолеплив винил-тaпет, со чија помош постигнала моментален ефект и свежина во целиот простор. Голем плус е тоа што винилот може лесно да се отстрани, што е одлично за оние што живеат во изнајмени станови.

Во видеото таа покажува како прецизно го мери тапетот, го сече и со леснотија го аплицира на кујнските елементи. За целосната промена на бојата на сите елементи, потрошила околу 2.900 денари.

@justh966

Advertisement

DIY built in wardrobe change✨ #cosy #cozyathome #fyp2025 #girlsbelike #comfortcreator #viral #budgeting #budget #diyproject #diyhomedecor #girlspower #countryhome #countrygirl #countrytiktok #diyhome #diyhomeprojects #girlsgeneration #homedecorideas #budgethacks

♬ put your records on – ★spedupaudios

Кујната добила сосема нов изглед, а целиот стан нова, впечатлива атмосфера – за мала цена и уште помалку време.

Инаку, ваков вид самолеплив тапет во Македонија може да се најде по цена од околу 160 до 180 денари за ролна од 2 метри на 60 см – што го прави овој трик уште поисплатлив за домашна трансформација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button