Celebrity

Еве во која бања блиску до Скопје Манчиќ го „подмладила меѓуножјето“ и колку чини овој третман – „Тоа го правеле и нашите баби!“

Вели дека е стар народен третман со минерална вода, кој се применува веќе со векови.

Advertisement

Поранешната лото-девојка и ТВ водителка Сузана Манчиќ повторно е во центарот на вниманието – овојпат поради искрено признание дека го освежила своето интимно здравје на начин кој многумина не го очекувале.

Имено, Сузана откри дека во Врњачка Бања – која се наоѓа блиску до границата со Македонија – се подложила на „оросување на вагината“, стар народен третман со минерална вода, кој се применува веќе со векови.

Advertisement

„Случајно го пробав, само за да видам како изгледа. Сите се прават фини, а никој не зборува дека во Врњачка Бања со таа лековита вода се лечат разни болести,“ изјави Манчиќ за српскиот медиум Хајп.

„Не се работи за некакво подмладување, туку за испирање со минерали. Трае 10 минути и чини 300 динари. Тоа го правеле и нашите баби, само не се викало така. Постоело одамна,“ вели таа, без влакна на јазикот.

инстаграм принтскрин

Овој третман станува сè попопуларен меѓу жените кои сакаат природна нега на интимното здравје, а Сузана, како и многупати досега, без страв зборува за она за што другите молчат.

Advertisement

Во интервјуто, таа се осврна и на приватен момент од минатото што подолго време беше тема во јавноста – експлицитно видео што протече пред години.

„Што има некој да да го интересира? Некој сака едно, некој друго. Тоа беше моја работа – јас ја наместив таа камера,“ вели таа со доза на самодоверба.
„Го гледав после и си реков: ‘Добро е испаднато’. Не го избришав, што обично го правам. Еден момент на невнимание може да те чини цел живот, но што е – тука е.“

принтскрин инстаграм

Сузана Манчиќ уште еднаш покажа дека нема табу теми за неа – и дека дури и традиционалните практики можат да добијат ново значење во модерниот свет.

Потсетуваме, во декември минатата година, гламур.мк пишуваше за прекрасната средба на трите грации – Сузана и Македонките Калиопи и Цветанка Ласкова.

Трите убави собрани околу една маса не ја криеја среќата што се заедно.

фото Фејсбук

Фотографијата ја прославува силата и солидарноста меѓу жените, а во празнична атмосфера позираат прегрнати и држејќи се за раце уметниците Цветанка Ласкова (69) и Калиопи (58), и најпозната лото-девојка и водителка Сузана Манчиќ.

Повеќе за оваа средба прочитајте – ТУКА. 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button