Посвоив три деца, а кога направив ДНК ќе се онесвестев – животна приказна како сценарио за филм
И како да не беше доволно чудесно, таа во февруари дознала дека биолошката мајка родила и четврто дете, девојченце– кое исто така било напуштено.

Кејти од Колорадо посвои три деца, а кога направила ДНК тест, открила нешто што ја остави без зборови.
Она што започнало како желба од детството – да стане мајка преку посвојување – се претвори во неверојатна приказна што би можела да стане сценарио за филм.
Advertisement
Во 2017 година, Кејти, тогаш 32-годишна, го посвоила новороденчето Грејсон. Неколку месеци подоцна, социјалните служби ѝ се јавиле со молба да згрижи девојче од една година. Без двоумење го отворила срцето и домот за Хана.

Но, нешто ѝ било чудно – двете деца изгледале неверојатно слично. Иако мајката на децата при предавањето дала различни информации и презимиња, сомнежот ја натерал Кејти да направи ДНК тест – и тогаш вистината излегла на виделина.
„Кога видов дека се брат и сестра, не можев да верувам. Тоа беше знак од Бог – тие требаше да бидат заедно, и со мене“, изјави Кејти за списанието People.
Advertisement
Во декември 2018 година, Хана и официјално станала дел од семејството Пејџ. Но, судбината имала уште изненадувања за оваа жена со големо срце.
Две години подоцна, Кејти дознала за Џексон – трет биолошки брат на нејзините деца.
„Кога го зедов в раце, срцето ми рече: ‘Ова е неговото место. Ова е неговото семејство’“, раскажува Кејти.
И како да не беше доволно чудесно, таа во февруари дознала дека биолошката мајка родила и четврто дете, девојченце– кое исто така било напуштено. Овојпат, девојчето било згрижено од друга фамилија – истата што веќе се грижела за постарите две биолошки деца, сестри и браќа на децата на Кејти.

Така, шест деца од иста мајка, разделени при раѓање, конечно се пронајдоа – благодарение на љубовта и истрајноста на две семејства.
Кејти денес има големо, весело семејство. На Инстаграм често споделува моменти од нивниот живот, а нејзиниот партнер Џош и неговите две ќерки совршено се вклопиле во оваа неверојатна приказна.
„Ова е нашето семејство. Можеби не сме поврзани по крв, сите, но љубовта е она што нè прави вистински блиски.“