Хороскоп

Денес се посакува желба, еве што да направите – се слави Свети Архангел Гаврил – носител на најрадосната вест во христијанството

Овој ден се одбележува со длабока почит и верување дека носи благослов, нови почетоци и радосни вести, особено за жените што посакуваат пород.

Advertisement

Денес, на 8 април, според новиот календар Македонската православна црква слави Собор на Свети Архангел Гаврил, небесниот гласник и еден од најголемите Божји ангели. Овој ден се одбележува со длабока почит и верување дека носи благослов, нови почетоци и радосни вести, особено за жените што посакуваат пород.

принтскрин јутјуб

Кој е Архангел Гаврил?

Архангел Гаврил е бесмртна, бестелесна сила и еден од седумте серафими најблиски до Божјиот престол. Учествувал во создавањето на светот и во борбата против паднатите ангели. Тој е ангелот што му ја пренел на пророкот Мојсеј веста за создавањето на светот и го поучил како да ја напише Книгата на Постанокот.

Advertisement

Во христијанската традиција, тој е најпознат како Благовесникот – оној кој ѝ ја донел радосната вест на Пресвета Богородица дека ќе го роди Спасителот, Исус Христос. Тој го најавил и раѓањето на Свети Јован Крстител, како и раѓањето на Пресвета Богородица на Јоаким и Ана.

Иконата на Белиот ангел, поврзана со Архангел Гаврил, е дури испратена во вселената како симбол на човечката добрина. Тој е и заштитник на луѓето и добитокот од природни непогоди, носител на мир, љубов и радост.

принтскрин јутјуб

На што е заштитник?

Неродилки – им помага на оние кои посакуваат дете

Advertisement

Луѓе кои посакуваат нов почеток

Заштита од невреме и природни непогоди

Носител на добри и радосни вести

Мир и хармонија во домот

принтскрин јутјуб

Молитва до Свети Архангел Гаврил

Свети Архангеле Гавриле, благ гласнику на Господа, ти кој ја донесе радосната вест на светот, испрати ја и во мојот живот. Осветли го мојот пат, донеси мир, здравје и добрина во мојот дом. Помогни ми да слушнам и разберам што Бог сака од мене. Моли се за мене и за сите мои најблиски. Амин.

ДЕНЕС СЕ ПОСАКУВА ЖЕЛБА НА СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ – ЗОШТО ТОЈ Е НАЈБЛИСКУ ДО НАС

Се верува дека токму денес, Свети Архангел Гаврил е најблиску до човечките срца и ги слуша сите искрени желби. Тој е Божјиот гласник, носителот на благите вести и симболот на нов почеток. Ако имате нешто што тивко го посакувате – денес е денот да го кажете.

ШТО ДА НАПРАВИТЕ КОГА ЌЕ ЈА ИСПРАЌАТЕ ЖЕЛБАТА

Запалете свеќа во тишина и стојте неколку минути со затворени очи. Почувствувајте мир. Желбата кажете ја само еднаш, искрено, од срце.

Напишете ја желбата на ливче и оставете ја покрај икона или на прозорец каде има светлина. Верувањето вели дека ангелите ги читаат тивките мисли на душата.

Не зборувајте лошо денес, дури ни во себе. Наместо тоа, заменете ја секоја негативна мисла со благодарност или со надеж. Така желбата ќе биде “прочистена”.

Помогнете на некого, без да очекувате ништо за возврат. Таа добрина ја зајакнува твојата молитва.

Ако можете, одделете време за кратка молитва или посета на црква. Ако не, само насочете се кон небото и кажете:

„Свети Архангеле Гавриле, носителу на добри вести, денес те молам да ја пренесеш мојата желба пред Божјиот престол. Ако е добра за мене, нека ми се исполни. Амин.”

Жените кои посакуваат дете – денес е нивниот голем ден за надеж. Посветете ја вашата молитва на Свети Гаврил и побарајте го неговото застапништво.

Денешниот ден се смета за еден од најрадосните денови во годината. Архангел Гаврил е постојан потсетник дека секогаш постои надеж, дека радоста може да дојде од неочекувано место, и дека Бог секогаш праќа порака – преку своите ангели.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button