Пејачката Анета покажа дека и во тесни фармерки и патики изгледа како авион – овој детаљ сите ги изненади
Пејачката со ова издание ги изненади сите ...

Тесни фармерки, кожен мантил и – патики!
Нашата позната фолк-пејачка, Анета Љумаковска, се појави во малку необично издание од оние во кои најчесто ја гледаме.
Станува збор за опуштена комбинација која што пејачката ја носеше додека се шеташе низ град, а со која ги воодушеви сите.
Имено, Анета која во последно време често знае да ги изненади своите фанови и со модните комбинациите што ги носи, овој пат реши да „скокне“ во еден од омилените модели на фармерки на многу жени, кои очигледно ги обожава и нашата пејачка.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Црно од глава до пети
Станува збор за тесни фармерки кои веќе со години не излегуваат од мода, а пејачката очигледно преферира – црни!
Таа ги носеше со тесна црна маичка преку која носеше црн кожен капут, а целото издание го „зачини“ со уште еден шик детаљ.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Наместо штикли или чизми, Анета избра патики, а она што сите го забележаа е дека блеска и во едно вакво издание.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Инаку, таа за оваа пригода избра црни патики од познатиот спортски бренд „Најк“, кои не поттикнаа да разгледаме што има ново на нивните полици. Пејачката конкретно носеше еден од оние модели кои веќе со годни доминираат на нашите улици, но кои се голем хит и во целиот свет и ги обожаваат и бројни светски ѕвезди.
Женски патики Најк – W Nike Court Vision Alta Ltr
Тие веќе одамна имаат култен статус во светот на модата, па погледнете уште неколку интересни нови модели.