Наши ѕвезди

Ќе се изненадите што направија Мики и Цеца на концертот – публиката воодушевена, големо БРАВО и за двајцата

Прво воодушеви со краткиот шорц, а потоа и со знамето што го вееше пред публиката

Advertisement

Концерт за кој зборува целиот Балкан

Балканската фолк-ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ одржа концерт за паметење во спортската сала во Врање, а со еден потег што го направи на сцената ги воодушеви нејзините фанови од Македонија.

Advertisement

Имено, пејачката во еден момент се обрати до девојка од публиката, која е по потекло од Македонија, а живее во Америка.

И како што откри Цеца, оваа девојка е нејзина голема обожавателка која досега била на бројни нејзини концерти, па пејачката сега реши да ја поздрави пред публиката. Но покрај поздравот, Цеца воедно ѝ посвети и една песна што ја испеа н сцената, а потоа го зеде македонското знаме со Сонцето од Кутлеш и го развеа на сцената.

Advertisement
Принтскрин/ Инстаграм

Овој момент воодушеви многумина, а потоа Мики Секуловски, кој веќе со месеци настапува со Цеца, го зеде знамето, го стави на себе и продолжи со концертот, додека публиката пееше заедно со нив.

Принтскрин/ Инстаграм

Емотивниот момент како интеракцијата со девојката која беше дојдена дури од Америка за нејзиниот концерт ги воодушеви сите.

Принтскрин/ Инстаграм

Инаку, на концертот имаше неколку илјади луѓе од Врање, но и од градовите кои се во близина, а имаше и многу Македонци.

Принтскрин/ Инстаграм

Мини шорц, нозете во преден план

Цеца за оваа пригода носеше скапоцен комплет од „Balmain“ со кој свршено го истакна своето беспрекорно тело.

И додека кусиот шорц во фокусот ги стави нејзините вити нозе, црниот корсет одвај до заузди раскошното деколте.

Принтскрин/ Инстаграм

Но, целосното издание беше скротено со црното сако со светки, како и бодито и црните хулахопки што ги носеше.

Принтскрин/ Инстаграм

Сепак, покрај бруталниот стајлинг Цеца гореше и од позитивна енергија, а со знамето ги воодушеви и нејзините фанови од Македонија.

Принтскрин/ Инстаграм

Минус 8.5 килограми за месец дена

Познатата пејачка неодамна за медиумите откри дека успеала својата линија да ја донесе до перфекција, и тоа без ригорозни диети.

И како што самата вели, единствената промена што ја направила е по 7 часот да не јаде ништо и да пие само вода.

Принтскрин/ Инстаграм

На овој начин за месец дена ослабнала 8.5 килограми, и тоа без гладување, а не крие и дека понекогаш знае и да се почести пивце, кое очигледно не и шкоди.

@katarinatomicc

🇲🇰❤️ #foryoupage #viralvideo #foryouu #ceca #vranje #macedonia

♬ original sound – KT

Но покрај исхраната која што е коригирана, Цеца е активна и во теретана, што исто така допринесува за нејзиниот изглед.

„Тренирам или ако нема да стигнам на тренинг, јас ќе направам брзо одење на лента за да го покренам телото, метаболизмот. Ако лежиш нон-стоп, метаболизмот не може да ти се забра“, изјави Цеца во една пригода за српскиот Телеграф откривајќи ја својата „тајна“ со која ја одржува линијата.

Бонус видео

@ceca.najveca

@CECA @Miki Sekulovski #ceca #cecaraznatovic #koncert #viralvideoplease #viral #samoviral #vranje #skoplje #skopje #srbija #fypp #ocuvirallbree😻 #viralvideo🔥 #fanpage #viralvideo

♬ original sound – CECA.NAJVECA👑🌍

Гледам некое прекрасно знаме од Македонија…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button