Денес славиме Благовештение – празник на радосните вести и новите почетоци, а еве зошто е важен за идните мајки
Овој ден се смета за идеален момент за започнување важни работи и носење големи одлуки, бидејќи го симболизира новиот почеток и Божјата милост.

На 7 април, православните верници го празнуваат Благовештение, еден од големите Богородични празници. Овој свет ден се одбележува точно девет месеци пред Божиќ и е особено значаен за жените кои посакуваат да станат мајки.
Оние кои сакаат да имаат деца денеска посетуваат цркви и манастири каде што со молитва се обраќаат кон Пресвета Богородица, барајќи благослов за зачнување и пород.
Advertisement
Празникот ја слави веста што Архангел Гаврил ѝ ја соопштил на Дева Марија – дека ќе го роди Спасителот, Исус Христос. Затоа Благовештение е симбол на нов живот, надеж и духовна сила.
Во црквите се служи Света литургија, а верниците преку молитва се заблагодаруваат на Бога. Постојат и народни обичаи поврзани со денешниот празник:
Не се работи ништо тешко по дома – денот треба да се помине во спокојство, без расправии и без напор.
Се приготвува свечен ручек, а семејствата се собираат заедно.
Се верува и дека на Благовештение природата се буди, птиците почнуваат да пеат, а пролетта конечно пристигнува.

Овој ден се смета за идеален момент за започнување важни работи и носење големи одлуки, бидејќи го симболизира новиот почеток и Божјата милост.
Поминете го денот во мир, љубов и надеж.