Русинките најмногу го сакаат овој начин на бојадисување јајца – ладното „фарбање“ дава најубави шарки во боите на виножитото
Постапката на шарање е многу едноставна, а ќе добиете совршени јајца за Велигден! Апсолутно секого го воодушевуваат, затоа задолжително пробајте го овој метод.

Русинките имаат посебен начин на бојадисување јајца што создава вистинска магија!
Имено, тие најпрво ги ладат, па дури потоа ги бојадисуваат.
Постапката на шарање е многу едноставна, а ќе добиете совршени јајца за Велигден! Апсолутно секого го воодушевуваат, затоа задолжително пробајте го овој метод.
Потребно ви е:
бои во кесички
изладена (поточно ладна), а претходно зовриена вода
оцет
неколку салфети
стапчиња со памук (за уши)
онолку гумички за тегли колку што јајца ќе шарате
Постапка:
Сварете ги јајцата на вообичаен начин и оставете ги целосно да се оладат. Потоа во секоја чаша ставете по една кесичка боја за јајца. Прелијте со лажица ладна вода и додадете лажица оцет, па измешајте добро за бојата убаво да се раствори.
Секое јајце посебно замотајте го во лист салфета (доколку е салфетата повеќеслојна, одвојте ги слоевите и користете еден слој за едно јајце).
Заврзете го на врвот со гумичка за тегли, па натопете го памукот на стапчето во бојата и нанесувајте спорадично на јајцето.
Кога ќе биде целосно обоено, оставете го да се исуши 15 минути. Потоа одмотајте ја салфетата. Вашите феноменални велигденски јајца се готови!
Деталната постапка за овој начин на бојадисување велигденски јајца можете да ја погледнете во видеото подолу: