„На сопругот му наплатувам 2.760 евра неделно“ – домаќинка и мајка ги објави тарифите за готвење, чистење и доење во сопствениот дом
Обри сака да ја нагласи вредноста на она што многумина го сметаат за „невидлива работа“.

Американката Амбер Обри крена прашина на Интернет кога објави дека секоја недела му испраќа „фактура“ на сопругот за нејзината работа како мајка и домаќинка – и тоа не било каква, туку вредна речиси 3.000 долари (околу 2.760 евра).

„Ова му го наплаќам на маж ми како услуга на мајка што останува дома. Тој си зема плата, што значи дека и јас треба да бидам исплатена“, изјави таа во видео кое собра милиони прегледи на Тик ток.
Сè има цена – и домаќинската работа
@amberaudrey_96 How I’m able to be the breadwinner as a stay at home mom. This is just what works for us 🤷🏻♀️ #sahmsoftiktok #sahmtok #stayathomemom #stayathomemomlife #stayathomemoms #breadwinner #sahmomsbelike #sahmjobs #sahmjob
Според неа, сè што прави во текот на денот има своја цена:
Перење садови: 20 евра по перење – околу 276 евра неделно
Перење алишта: 32 евра по тура, 4 пати неделно – 128 евра
Чистење на бањите: 55 евра по бања, неделно околу 220 евра
Купување намирници, домашно образование за децата, возење на децата и доење: остатокот до вкупно околу 2.500 – 2.760 евра неделно
„Ако сака да заштеди, слободно нека ми помогне со некоја од овие задачи“, вели таа низ смеа.
„Работата на мајките никогаш не завршува“
Обри сака да ја нагласи вредноста на она што многумина го сметаат за „невидлива работа“.
„Немам пауза, нема викенд, нема слободен ден. А сепак, сето тоа се очекува од мене без збор“, вели таа.
Што велат експертите?
Истражувачи во Њујорк проценуваат дека мајките кои остануваат дома би заработувале повеќе од 4.000 евра месечно ако им се плаќа за сè што прават – готвење, чистење, грижа за деца, организација на домот и емоционален труд.
Иако нејзиниот пристап изгледа шокантен, Амбер Обри всушност само поставува прашање кое одамна виси во воздух:
Колку навистина вреди работата на една мајка?