„Мама ја уби сестра ми“: Малиот сведок сега е херој – потресна исповед за убиството што ја потресе Америка
Од малиот сведок до пожарникар и сопруг – AJ првпат проговори за убиството на сестра му од сопствената мајка.

Сликата од мало момче, облечено во бела кошула и црн елек, како низ солзи зборува пред судот: „Мама ја уби сестра ми“, остана врежана во американската јавност уште од февруари 2008 година. Тоа дете беше AJ – сега 24-годишен маж, пожарникар и сопруг – кој за првпат по трагедијата одлучи да проговори.
Во интервју за „Дејли меил“, AJ одлучно вели: „Сто отсто е виновна. Стојам зад секој збор што тогаш го кажав.“

Трагедија во базенот
Во август 2007 година, тогашната 6-годишна Адријана беше пронајдена мртва во базен во малиот град Бонифеј, Флорида. Нејзиниот 7-годишен брат, AJ, тогаш сведочеше дека ја видел нивната мајка Аманда Луис како ја држи со рака преку лицето и ја потопува во полниот базен повеќе пати.
Нацртал и цртеж на кој покажал „Ова е мама. Ја убива сестра ми.“

„Само ја кажав вистината“
Иако одбраната на мајката тврдеше дека изјавите на AJ биле инструирани и неконзистентни, тој денес го негира тоа:
„Никој не ми зборуваше што да кажам. Само кажав што видов – збор по збор.“
Според обвинителството, мајката се налутила на Адријана, која имала ADHD (хиперактивност), затоа што испрскала средство за чистење стакло низ куќата. Во напад на бес, мајката го фрлила девојчето во базенот и го удавила.
Дом без љубов, полн со страв
„Бевме злоупотребувани. Живеевме во страв. Љубов немаше. Само темнина и траума,“ сведочи AJ.
По судењето бил посвоен од христијанско семејство и вели дека тоа му го променило животот:
„Тоа беше како небо и земја. Конечно почувствував што значи вистинско семејство.“
Судот не веруваше во несреќа
Аманда тврдела дека Адријана случајно паднала во базенот додека чистела бубачки. Но, изјавите на синот, физичките докази, како и сведоштва од колеги кои слушнале претходни закани од мајката, беа клучни за пресудата.

Судот ја прогласи за виновна за убиство од прв степен и злоставување на дете – доби доживотен затвор без можност за условно, плус 30 години.
Денес АЈ вели: „Не сакам да ја видам“
AJ веќе не го користи зборот „мама“ кога зборува за Аманда.
„Не сакам да ја видам. Не сакам да се отвораат рани. Се радувам што контактот ни е забранет.“
Нејзините адвокати и денес се борат за ново судење, но AJ нема намера да учествува:
„Јас бев дете. Само ја кажав вистината. И сè уште стојам зад тоа.“

„Бевме најдобри пријатели со сестра ми. Ја изгубив засекогаш. Тоа не се заборава.“
Во сенка на едно детство полно со траума, AJ денес живее живот исполнет со љубов, работа и нов идентитет. Но трагедијата од 2007 година останува врежана во неговото срце – како потсетник на вистината што како дете ја кажа, и која засекогаш го промени неговиот живот.