Трагедија – загина Мис Балкан (27)
Според информациите, Ердоган починала на лице место откако била удрена од автомобил додека се обидувала да ја премине Црноморската обиколница во областа Хаџи Хусеин. Телото било забележано од други возачи кои веднаш ја алармирале полицијата.

27-годишната манекенка и носителка на титулата Мис Балкани 2022, Гулер Ердоган, трагично загина во турскиот град Гиресун за време на празникот Рамазан Бајрам, пренесува Sabah.
Според информациите, Ердоган починала на лице место откако била удрена од автомобил додека се обидувала да ја премине Црноморската обиколница во областа Хаџи Хусеин. Телото било забележано од други возачи кои веднаш ја алармирале полицијата. Медицински екипи потврдиле дека манекенката е почината.

Како што пишува Hurriyet, Гулер претходно била запрена од полицијата под сомнение дека управувала возило во алкохолизирана состојба, по што се обидела да побегне и да се скрие, но настрадала трагично при преминување на патот.
Гулер Ердоган, која работела во модна агенција, со своето семејство била на одмор во Гиресун. Нејзината смрт предизвика голема тага на социјалните мрежи, каде нејзините следбеници изразуваат сочувство.
Полицијата го истражува случајот и околностите под кои се случила несреќата. Семејството засега не дава изјави за јавноста.