Го пробавте ли популарното Дубаи чоколадо? Епа заборавете го, имаме нешто ново за вас
Ново чоколадо со коса кое чини само 1300 денари – младите од цел свет „полудеа“ по него...

Каде оди светот, се прашуваат многумина?!
Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.
Откако Дубаи чоколадото го „полуде“ светот, се појави нов производ што преку ноќ ги освои љубителите на чоколадото.
Станува бор за чоколадо во розова боја од „Tucho Bar“, кое заради својот изглед и единствена текстура веќе е голем хит на ТикТок.
Познато е како „ангелска коса“ , односно Angel Hair Chocolate (што и да значи тоа, по ѓаволите!), а ова име го доби заради својата влакнеста структура која потсетува на ангелска коса, која патем треба да ја изедете (и не звучи баш ветувачки, нели?).
Чоколадато е наполнето со floss candy – шеќерно благо која наликува на турска пишманија и која се топи во устата како шеќерна волна.
Никогаш не сум пробал нешто вакво. Ова е највкусното чоколадо што сум го јадел, вели Тиктокерот Карми Селито познат како @touchdalight.
Принтскрин/ ТикТок
Па, дали оваа нова измислица ќе го симне од тронот популарното Дубаи чоколадо, останува да видиме, но она што е сигурно е дека во ова време на социјални мрежи, наскоро треба да очекуваме и нов, уште „позабеган“ производ кој преку ноќ ќе го освои светот.
Принтскрин/ ТикТок
А до тогаш, уживајте во Tucho Bar, односно Angel Hair Chocolate кое се продава за само 21 евро (околу 1300 денари) за 185 грама.
Принтскрин/ ТикТок
Принтскрин/ ТикТок
Можеби не е евтино, ама дефинитивно е забегано, нели?
Принтскрин/ ТикТок
Принтскрин/ ТикТок
@touchdalight this actually really surprised me 😂 #london #chocolate #foodreview