MAMAБебиња

„Знаев дека се мои – без разлика на сè“: Исповед на Лилија, мајка на близначки споени со главите, одделени по епска операција

24 часа под нож: Како мајка на сијамски близначки споени со главите ги победи сите прогнози и го испиша чудото во САД.

Advertisement

Лилија Бачинска (39), мајка на седум деца од Сакраменто, Калифорнија, и нејзиниот сопруг Анатоли, шофер на камион, денес живеат живот кој личи на сценарио од филм. Но нивната вистинска приказна започнува во моментот кога на ултразвук откриле нешто неверојатно – близначки споени со главите.

принтскрин Инстаграм

„Во 11-та недела од бременоста ми рекоа дека носам сијамски близначки. Не знаев што значи тоа додека не го преведов од брошура на руски. Се расплакав“, раскажува Лилија за The Sun.

Advertisement

Близначките биле редок тип – краниопагус, споени на черепот и свртени една од друга. Иако шансите биле мали, Лилија и Анатоли одлучиле да ја продолжат бременоста. „Анатоли ми рече: ‘Ги сакаме овие бебиња. Ќе ги чекаме.’“, се сеќава таа.

Во декември 2019, Лилија се породува со царски рез во 35. недела, со тим од 200 медицински лица. Абигејл тежела 3.100 грама, а Михаела 2.700. Веднаш биле префрлени во интензивна нега. „Само што ги видов, знаев – тие се мои девојчиња“, вели таа.

принтскрин Инстаграм
принтскрин Инстаграм
принтскрин Инстаграм

Кога близначките имале шест месеци, лекарите предложиле операција за разделување – 24-часовен зафат со 30 хирурзи.

Advertisement
принтскрин Инстаграм

„Не смеевме да бидеме во болница поради КОВИД-19, само добивавме пораки. Кога прочитав ‘успешно се одвоени’, плачев од среќа“, споделува Лилија.

На Бадник, девојчињата се вратиле дома. „Првпат се гледаа во очи. Беше магично“, раскажува Лилија.

принтскрин Инстаграм

Од тогаш, ги следат терапии и контроли, а во иднина ќе им треба и реконструкција на черепот. Но, според Лилија, „тие се најсреќните и најпрекрасните девојчиња – толку блиски една со друга“.

принтскрин Инстаграм

Денес, покрај петмина браќа, близначките растат со разбирање за своето чудо.

принтскрин Инстаграм

„Тие само што почнаа да разбираат дека некогаш биле споени. А јас? Јас знам дека сум создадена да бидам нивна мајка“, завршува Лилија со насмевка.

принтскрин Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button