Гламур интервју со Ангела Китановска, сертифициран ЕМС тренер и сопственичка на Боди Арт ЕМС Студио
Во денешно време е многу тешко да се најде мотивација за вежбање, особено ако сте презафатени и не можете да издвоите неколку часа во текот на една недела за да вежбате.
Но она што од неодамна го донесе фитнес револуцијата ќе го заинтерсира секој еден од нас, и повеќе нема да може да се смислуваат оправдувања и изговори. Можеби сте чуле за вежбање со електро-мускулна стимулација, односно ЕМС-тренинг, кој трае само 30 минути, а ефектот е ист како да сте поминале часови во вежбалница. Што претставува ЕМС тренингот и какви се придобивки има, поразговаравме со Ангела Китановска која е сертифициран ЕМС тренер.
Прашање: Што е ЕМС тренинг?
ЕМС е кратенка од електро-мускулна стимулација и претставува револуционерна фитнес метода каде за време на вежбањето се користат електрични импулси за да се активираат мускулите, со што се овозможува поинтензивна активација на мускулните влакна за пократко време во споредба со класичен тренинг.
Промо
Прашање: Какви бенефити имаа оние што практикуваат ЕМС тренинг? Дали е само за слабеење или има и некои други придобивки?
ЕМС тренинзите имаат голем број придобивки. Пред се, овој вид на тренинзи придонесуваат за брзо зајакнување на мускулатурата со што ефикасно делува за забрзано закрепнување и рехабилитација по повреди, намалување на болките во грбот и подобро држење на телото, подобрување на спортските перформанси и зголемување на мускулната маса, сила и експлозивност, а исто така влијае и на забрзување на метаболизмот, намалување на телесните масти и целулитот и естетско формирање на телото.
Промо
Прашање: Треба ли некоја посебна облека за ЕМС тренинг?
Облеката што се носи на тренинг под ЕМС оделото треба дабиде памучна (маичка, хеланки/шорцеви) со цел подобро да ја впие водата за да може да се спроведе електрицитетот.
Промо
Прашање: Колку време трае еден ЕМС тренинг и колку пати во неделата треба да се практикува?
Еден ЕМС тренинг трае вкупно 25 минути – 20 минути тренинг и 5 минути антицелулитна или релакс масажа. Се препорачува два пати во неделата (со минимум еден ден растојание меѓу тренинзите) бидејќи станува збор за интензивни тренинзи и на мускулите им е потребно опоравување по тренингот.
Прашање: Дали може секој да го практикува?
Генерално да, во нашето студио има широк спектар на клиентела почнувајќи од млади луѓе кои немаат доволно време за класичен тренинг, жени после породување – бидејќи на најбрз начин можат да си го вратат телото во првобитната состојба, повозрасни лица – бидејќи со ЕМС тренинзите не се користат големи тежини и ризикот од повреди е сведен на минимум и не се создава притисок на зглобовите, спортисти чија цел е подобрување на перформансите и така натаму. Единствено бремени жени, лица со вградени импланти, лица со срцеви проблеми, епилепсија и посериозни кожни заболувања треба да се консултираат со лекар пред да започнат со ЕМС тренинг.
Промо
Прашање: Колкав период треба да помине за да се има резултати?
Тоа е секогаш индивидуално. Но, со правилна исхрана и активен начин на живот првите резултати се забележуваат веќе по 4-6 недели.
Промо
Прашање: Од кога и од каде потекнува ЕМС тренингот?
ЕМС технологијата првично се користела во медицината и физиотерапијата за рехабилитација на мускулите. Подоцна, советските научници ја користеле за подобрување на перформансите кај спортистите. Како фитнес метод, ЕМС започна да се развива во Германија и денес е популарен ширум светот.
Промо
Прашање: Во последно време можеме да забележиме повеќе студија за ЕМС тренинг и кај нас. Има ли разлика каде вежбаме и како да се препознае едно професионално студио?
Квалитетното ЕМС студио има модерна опрема што обезбедува безбедност и ефективност на тренингот. Тренерите треба да имаат искуство и знаење за правилно прилагодување на интензитетот и вежбите според потребите на клиентот. Важно е да се одржува високо ниво на хигиена, редовна дезинфекција на опремата и удобна средина за вежбање. Добро студио нуди индивидуален пристап и ги следи резултатите на клиентите, а нивните позитивни искуства се најдобриот показател за професионалноста.
Ангела Китановска е сертифициран ЕМС тренер и сопственичка на Боди Арт ЕМС Студио во Скопје