CelebrityИнтервјуНаши ѕвезди
COVER STORY

Да се биде родител е најубавото чувство – на кафе муабет со виолинистот Илија Филиповски од Група Маестро

„Татковството многу ме смени. Одговорноста е огромна, пред сè да се воспитаат и да се изнесат децата на правиот пат во овие времиња“ вели Илија Филиповски во интервјуто за Гламур магазин

Advertisement

Илија Филиповски е наш познат виолинист и музичар, кој е дел од Група Маестро.

Тој свири на виолина од својата најрана возраст. Својата кариера ја започнува во емисијата “Зајди зајди”, каде беше дел од оркестарот под раководство на маестро Милан Завков, која се емитуваше редици години наназад. а бил и дел од оркестарот на фестивалите “Фолк Фест Валандово” и “Цветници”.

Advertisement

„Да се биде родител е најубавото чувство кое што може човек да го доживее вели Илија,  а за љубовта кон музиката пак дека  датира уште од негови  5 години, кога неговите  родители му купиле  детски синтисајзер и на него почнал да свири. Што сé друго ни откри овој наш млад и талентиран музичар, дознајте во продолжение…

Приватна архива

Прашање: Од кога започнува твојата дружба со виолината и од каде љубовта кон неа?

Љубовта кон музиката датира уште од мои 5 години, кога моите родители ми купија детски синтисајзер и на него почнав да свирам. Но, кога бев на приемен испит во нижото музичко училиште со цел да се запишам на пијано, комисијата одлучи да свирам виолина и кога за прв пат ја фатив виолината во раце, тоа беше љубов на прв поглед, која трае од 1997 година, па сè до денес и ќе трае вечно.

Прашање: Твојата кариера започнува во емисијата “Зајди зајди”, каде беше дел од оркестарот под раководство на маестро Милан Завков која се емитуваше редици години наназад. Какви спомени ви буди почетокот?

Да, мојата професионална медиумска кариера започна во оркестарот на емисијата “Зајди, Зајди” под раководство на маестро Милан Завков, кој за жал веќе не е меѓу нас. Најпрвин бев гостин во емисијата, за после неколку недели да ми се јави маестро Милан Завков и да ми понуди да бидам дел од неговиот оркестар во кој веќе беа членови легенди на македонската музика како што се Тодор Завков (гитара), Благој Маротов (контрабас) и секако помладите Александар Тренкоски (кларинет) и Трајче Ристов (тапан). Мислам дека тој повик е најважниот во мојот живот кога е во прашање професионалната кариера, а уште повеќе дека е од доајен како што е Милан Завков, кој му ја даде довербата на 18-годишно момче и за тоа ќе му бидам засекогаш благодарен. Вечно ќе го носам неговиот спомен и секогаш ќе се трудам јас и мојата група Маестро, да ја негуваме неговата музика и да одиме по неговите музички стапки.

Advertisement

Инаку емисијата се емитуваше шест сезони, каде што се изведоа преку 2,000 македонски песни и ора во преку 200 емисии. Овој период ми буди прекрасни спомени кои никогаш нема да ги заборавам, а и да се соработува и да се биде дел од таков оркестар кои стоеше позади најголемите македонски фолк и поп имиња е непроценливо искуство.

Прашање: Скоро и да не постои пејач од македонската естрада, како од поп, така и од фолк изведувачите, со кој немате соработувано. Планирате ли соработки надвор од нашата земја?

Во досегашната кариера имам настапувано и учествувано на проекти со скоро сите фолк и поп изведувачи од нашата естрада. Меѓу другите јас и мојата група имаме настапено и балканските ѕвезди: Јелена Томашевиќ, Иван Босиљчиќ, Хари Мата Хари, Мирослав Илиќ, Борис Режак, Ацо Пејовиќ итн. Се надевам дека во следниот период оваа листа ќе се прошири.

Приватна архива

Прашање: По професија сте правник, дали некогаш сте посакале да се занимавате со оваа професија?

Јас сум магистер по граѓанско право, поточно во областа на авторското право со положен правосуден испит. Периодов со групата Маестро имаме премногу ангажмани, но секако доколку би имало прилика во иднина би го работел тој дел, спојот меѓу музиката и правото, а тоа е авторското право.

Прашање: Исто така сте талентиран и за јазици, колку јазици знаете и од каде љубовта кон нив?

Па, зборувам два јазици, англиски и италијански јазик. Англискиот како и повеќето го изучив преку формалното образование и курсеви, а курс по италијански јазик запишав уште на 12 годишна возраст поради љубовта кон Лацио и италијанскиот фудбал, италијанската храна, култура, музика… со еден збор љубовта кон Италија.

Прашање: Страствен навивач сте на фудбалот, кој е Вашиот омилен клуб и играч?

Вардар ми е во срцето. Клуб за кој навивал мојот дедо, навива мојот татко, навивам јас, а за скоро на трибините ќе ни се придружат и Марко и Лука. Фамилијарна љубов кон ФК Вардар, која трае од самото основање, од 1947 година.

Приватна архива

Инаку покрај ФК Вардар, од светските клубови навивам за италијански Лацио. Клуб, кој исто така го засакав уште од мали нозе и навивам до денес. Често одам и до Италија да проследам некој натпревар во живо.
Инаку, омилен играч ми е Горан Пандев, легендата на македонскиот фудбал, човек кој остави огромна трага во италијанскиот, а и во светскиот фудбал воопшто.

Прашање: Од 2012 година сте дел од Група Маестро и од тогаш настапувате на разни свечености, концерти и настани, и важите за една од најбараните групи. Што е клучно за успех?

Во 2012 година јас, Војче и Аце ја основаме групата Маестро. Во овие 13 години бележиме преку 2,000 настапи како на свадбени прослави, така и на приватни и деловни забави, концерти и јавни настапи. Формулата за успех е пред сè е љубов кон музиката, взаемна почит, доверба, разбирање и секако многу компромис со оглед на тоа дека се работи за состав од 6 члена. Се надеваме дека базирани на овие вредности, ќе траеме уште долго, негувајќи ја квалитетната македонска, балканска и светска музика.

Прашање: Во брак сте со Анастасија, со што ве освои и дали се сеќавате како се запознавте?

Со Анастасија се знаеме уште од 2010 година токму во емисијата “Зајди, зајди” каде што како што кажав, бев дел од оркестарот, а таа беше дел од емисијата како член на Ансамблот “Македонка” од Охрид. Но тогаш само се запознавме, за после 7 години да се видиме повторно на еден наш настап, каде што таа беше гостинка. И од тогаш почна сè.

Приватна архива

Прашање: Колку разбирање има Анастасија за Вашата професија и што е рецепт за успешен брак, каков сопруг е Илија?

Уште од самите почетоци на нашата врска јас бев премногу ангажиран со настапи, концерти, патувања. Така што Анастасија знаеше што ќе следи 

Анастасија е прекрасна мајка и сопруга, која секој миг се грижи за нашиот дом и семејство со многу љубов и грижа. Најмногу кон Марко и Лука кога тато е на настапи или некоја долга турнеја.

За успешен брак сметам дека е многу важно да се има почит, доверба, разбирање, поддршка, толеранција… сите овие елементи го сочинуваат поимот – љубов.

А за тоа каков сопруг е Илија, треба да ја прашате Анастасија :)

Прашање: Колку Ве промени татковството, каков татко е Илија и на што најмногу ги учите Вашите синови?

Да се биде родител е најубавото чувство кое што може човек да го доживее. Тоа го сфатив со раѓањето на Марко (3 год.) и Лука (2 год.). Но секако, татковството многу ме смени. Одговорноста е огромна, пред сè да се воспитаат и да се изнесат децата на правиот пат во овие времиња. Тие се уште мали, но уште од сега им укажувам што треба, што не треба да се прави, што е добро, а што не.

Приватна архива

Прашање: Дали пројавуваат желба за музика?

Па можам да кажам, да :)

Секојдневно сме покрај пијаното и знаеме заедно да запееме детски, поп, па и народни песни. Покрај музиката, како и сите деца, секојдневно се и со топката.

Прашање: Како би се опишал Иле себеси?

Оптимист, трпелив, толерантен, лојален, упорен…

Прашање: Како ги полните батериите од обврските?

Секое слободно време го користам со семејството. Ме опушта пешачењето и трчањето, а секако следење спортски настани. Без овие работи не би можел да го замислам денот.

Прашање: Да имате моќ да побарате нешто од универзумот што би било тоа?

Би направил да има мир насекаде! Да нема омраза и зло, да нема поделби, да нема војни, да биде секаде љубов!

Прашање: Кое е вашето животно мото?

Човек > Его

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button