NEWSБизнис

Бакалница како од македонските народни приказни, продавачот нè маѓепса, нема шанси да не купите нешто – се наоѓа во Скопје

Advertisement

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои производи во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани.

Едно магично место, пред некој ден, ни го привлече вниманието па сакаме да го споделиме со вас. Доколку сакате за миг да се почувствувате како во приказните тогаш топло ви препорачуваме да ја посетите продавницата за јаткасти плодови „Наут“. Има една во Аеродром и една ново отворена на Водно, поточно спроти Државна болница.

фото: Гламур

Ние влеговме во таа на Водно. И сега доколку се прашувате што е тоа што толку нè воодушеви од една обична продавница, веднаш ќе ве демантираме бидејќи ова не е обично место.

Advertisement
фото: Гламур

Уште од старт ве привлекува со излогот и покрај тоа што се уште немаат табла со име, многу тазе биле отворени пред десетина дена, па е во изработка.  Излогот им е чист, производите се уредно сместени во хартиени вреќи или теглички.

фото: Гламур

Внатре се е ретро уредено, дрвени полици наредени како во аптека, но со еден убав топол шмек.Се чувствува огромна љубов и домаќинлук. Дополнително љубезноста на продавачот нè воодушеви, бидејќи ќе се согалсите со нас дека денес е ретко да се серетнат љубезни продавачи.

фото: Гламур

Си поразговаравме малку со него и тој ни откри дека е сопственикот, повозрасен шарамантен господин со качкет и милозвучен глас. Итој како излезен од македонските народни приказни.

Advertisement
фото: Гламур

Да, јас сум сопственикот на дуќанот. Баш ми е мило што ви се допаѓа. Повелете кога сакате – ни рече тој.

фото: Гламур

Во бакалницата покрај јаткасти плодови, како леблебии, лешници, бадеми, ореви, индиски ореви, ќе сретнете и карамелизирани леблебии, желе, вкусни чоколадни урми на кои ние не одолеавме.

фото: Гламур
фото: Гламур
фото: Гламур
фото: Гламур
фото: Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button