Оставете лажица шеќер на видливо место во дворот – кога ќе чуете зошто, ќе ви стане навика
Денес, речиси секоја храна се третира со пестициди, така што треба да се потрудиме да ја сочуваме малку останатата природа.

Дали некогаш сте размислувале да оставите лажица шеќер во вашиот двор? Претпоставуваме, не, но сега, можеби, ќе се предомислите.
Ако не сакате да придонесете за целосното исчезнување на пчелите, а знаете дека повремено се наоѓаат во вашиот градинарски простор, обавезно измешајте лажица шеќер со лажица вода и оставете ја на видливо место.

Дејвид Атнборо, британскиот природист, сподели необичен, но многу корисен совет за сите што сакаат да ја зачуваат природата. Се разбира, ова би требало да биде цел на сите нас.
Денес, речиси секоја храна се третира со пестициди, така што треба да се потрудиме да ја сочуваме малку останатата природа. На пример, една третина од храната што ја јадеме е опрашена од пчели, кои се одговорни за хранење на дури 90 проценти од светската популација.

Затоа, советот на Дејвид е секој да остави лажица шеќер во својот двор, за пчелите да можат да се нахранат, да добијат енергија и да се вратат до својата кошница. Можеби не сте знаеле, но тие често се изморуваат и немаат доволно енергија да се вратат во своите кошници по долгото патување.
Ако пчелите исчезнат од нашиот екосистем, ќе се соочиме со сериозни проблеми, а употребата на пестициди сигурно придонесува за тоа. Се разбира, не се само луѓето виновни за тоа што тие се во опасност – урбанизацијата и климатските промени исто така се фактори кои довеле до драматично намалување на нивната популација.

– „Ако пчелите исчезнат од планетата, луѓето ќе имаат само уште четири години живот“, изјави Атнборо.
Значи, ако не сакате да придонесете за целосното исчезнување на пчелите и знаете дека понекогаш се наоѓаат во вашиот двор, обавезно измешајте лажица шеќер со лажица вода и оставете ја на видливо место. Благодарение на оваа смеса, тие ќе се рехидрираат и ќе добијат неопходна енергија да продолжат со својата работа, која е од животна важност за сите нас.