Рецепти

Може ли овој омилен појадок на Македонците да биде посен? Да, ваквите пржени лепчиња се топат во уста!

Дали некогаш сте помислиле дека можете да направите пржени лепчиња без ниту едно јајце? Да, секако дека можете, а вкусот е уште подобар и посочен. Ова е идеално решение за појадок за оние што постат.

Advertisement

Малкумина можат да го замислат ова јадење без јајца, но можно е! Пржените лепќиња се дефинитивно еден од омилените појадоци во Македонија, но поради начинот на подготовка, традиционалната верзија не може да се јаде за време на пост.

принтскрин јутјуб

Сепак, постои решение – еве рецепт за посни пржени лепчиња што веднаш ќе го засакате!

Advertisement

Додавањето сенф во смесата ќе го направи јадењето уште повкусно.

принтскрин јутјуб

Потребни состојки:

  • 50 г брашно

  • 4 лажици сенф

    Advertisement
  • 50 мл вода

  • 5 парчиња стар леб

  • 40 мл масло

Начин на подготовка:

принтскрин јутјуб

Во сад ставете брашно, додадете сенф и постепено додавајте вода, за смесата да не биде премногу густа. Исечете го лебот на парчиња, натопете ги лепчињата во смесата и пржете ги на загреано масло додека добијат златна боја.

Уживајте во овој превкусен посен појадок!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button