Ова е најризична храна за време на постот – правиме грев без да знаеме
Денешната прехранбена индустрија внесува многу забуни. Свештениците предупредуваат дека некои производи што се декларирани како „посни“ можат да бидат ризични.

Во тек е Великиот Велигденски пост, кој е најдолг и најстрог од сите пости во православната традиција. Во овој период, верниците се воздржуваат од месо, јајца, сирење, млеко и сите животински масти. Масло и вино се дозволени само во одредени денови, а риба – на Благовештение и Цветници.

Сепак, денешната прехранбена индустрија внесува многу забуни. Свештениците предупредуваат дека некои производи што се декларирани како „посни“ можат да бидат ризични.
Што е најризично?
Во минатото, било јасно што е посна, а што мрсна храна. Денес, со мешањето на различни состојки и додатоци, ситуацијата е многу покомплицирана.

Производи како соја шницли, растителни сирења, маргарини и „посни“ млечни алтернативи често содржат траги од животински протеини. Дури и 0,01% од овие состојки може да значи дека храната не е целосно посна.
Свештениците советуваат внимателно читање на декларациите на производите и препорачуваат употреба на природни, непреработени намирници. Најсигурно е да се консумира свежо овошје и зеленчук, без непотребни додатоци.
Advertisement
Постот – повеќе од исхрана
Но, свештените лица потсетуваат дека постот не е само во воздржување од одредени намирници. Тој треба да биде време на духовно прочистување, воздржување од прејадување, лоши мисли и дела. Наместо да се оптоваруваме со хемиски анализи на секој производ, поважно е да се фокусираме на молитва, љубов кон ближните и добри дела.
Постете со срце, а не само со стомак!