Вести

Еве како беше пречекан херојот Јован кој спаси 20 деца – школските другарчиња вака му се одолжија

Беше пречекан со цвеќе и громогласен аплауз...

Advertisement

Еве како беше пречекан младиот херој

Јован Костадинов е младото момче од Виница кое стана симбол на храброста и несебичноста откако во страшниот пожар во Кочани, кога се запали дискотеката „Пулс“, успеал да спаси најмалку 20 лица.

Advertisement

Како што пишуваат неговите пријатели Јован бил надвор за време на пожарот, но без размислување се вратил во дискотеката за да им помогне на другите. Тој го земал цревото што го нашол во гаража во близина, ја натопил својата маица за да ја стави на лице и без двоумење влегол во огнот, во тој момент воопшто не размислувајќи за себе и за својот живот, туку за сите оние на кои во овие страшни моменти помошта им беше најпотребна.

Тој денес се врати во школските клупи, а од учениците во гимназијата Ванчо Прќе во Виница беше пречекан со аплауз.

Advertisement

Па големо БРАВО за овој млад херој кој спаси најмалку 20 деца од страшната несреќа што се случи во Кочани.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button