Огласи
MAMAБебиња

Раѓам деца по нарачка, бременост чини 15 000 евра – си купи куќа и два стана, а еве колку пати се породила

Алина Стахорска, сурогат-мајка од Украина, ги открива емотивните и финансиските аспекти на своето искуство, како и предизвиците со кои се соочувала за време на трите породувања за странски парови.

advertisement
advert

Иако многу жени кои се одлучуваат за сурогат-мајчинство обично не зборуваат за висината на хонорарот, оваа жена во едно интервју откри дека за една бременост наплаѓа околу 15.000 евра.

Алина стахорска, 32-годишна жена од Харков, минатата година роди трето дете како сурогат-мајка. Таа е една од 1.500 Украинки кои минатата година обезбедија потомство за странски парови.

Досега родила три деца за парови од Ирска, Германција и Индија, а првпат се одлучила за оваа опција кога имала само 21 година.

реклама

Нејзината приказна за сурогат-мајчинството започнала додека била во брак со првиот сопруг и немала свој стан. Започнала со оваа пракса бидејќи видела можност да си обезбеди подобар живот за себе и своето дете.

„Првпат бев многу млада. Само што се разведов од мојот прв сопруг, морав да го напуштам. Но немав стан за мене и за моето прво дете, кое тогаш имаше три и пол години. Прво живеевме половина година кај мојата баба,“ раскажа Алина.

Нејзиниот прв контакт со можноста да биде сурогат-мајка бил преку оглас, а процесот на тестирање го поминала заедно со својот син. Без двоумење одлучила да стане сурогат-мајка, бидејќи имала јасна финансиска мотивација. Иако призна дека не ѝ било лесно, Алина додаде:

Марpкетинг

„Немав ни најмала дилема, затоа што знаев зошто го правам тоа.“

Од третото дете купила куќа и два автомобила

Преку сите три породувања, Алина се соочувала со физички и емотивни предизвици. Меѓутоа, кога објаснувала како ги искористила парите од сурогат-мајчинството, истакнала дека дел од нив отишле за решавање на станбеното прашање – прво купила стан, а подоцна и куќа во Харков.

„Со парите од третото дете купивме куќа во Харков и два автомобила. Толку многу пари за тоа време не можев да заработам на друг начин,“ изјави таа.

Во текот на сите овие години, нејзиниот сопруг на почетокот бил против тоа, но подоцна ја прифатил нејзината одлука. Бидејќи била во брак четири години, Алина призна дека не ѝ било лесно да носи „туѓо дете“, но се труделе да се однесуваат како да го очекуваат своето. Преку сите бремености, нејзините чувства кон „туѓите“ деца не биле исти како кон нејзините.

фото- пекселс

„Чувствував дека тоа не се мои деца, но бев грижлива, како што треба,“ признава Алина.

Додека нејзините синови се прашувале за децата што ги родила за странски парови, Алина одржувала контакт со родителите на тие бебиња, но нивните односи се менувале со текот на времето.

„Со вториот пар од Германија сè уште имам контакт. Се допишувавме електронски. Минатиот октомври, по седум години, го посетија Харков за да му покажат на нивниот син каде е роден,“ вели Алина, додавајќи дека, иако ја поканиле да ги посети, имала одредени двоумења дали да оди во Германија.

На прашањето дали повторно би станала сурогат-мајка, Алина не ја исклучува таа можност.

„Да, би сакала. Доколку, и покрај моите години и бројните породувања, ме прифатат, подготвена сум. Само уште овој пат,“ заклучи Алина Стахорска.

epp

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas
New Ad
Back to top button