MAMAДом и семејство

Златен микс за бујни цвеќиња од две кујнски намирници – тајна комбинација од која ќе цветаат како „луди“

Го викаат црно злато за билките.

Advertisement

Со доаѓањето на пролетта, време е да им посветиме поголемо внимание на градинарските и собните растенија, односно цвеќиња.

За нивниот раст, цевтање и здравје, клучна улога има природното ѓубриво, а постои едноставна, но ефикасна комбинација на два состојка што сигурно веќе ги имате во кујната.

Advertisement

Оваа моќна мешавина ги снабдува растенијата со неопходни хранливи материи, го поттикнува нивниот развој и ги штити од штетници и болести.

Едната состојка ја збогатува почвата со есенцијални елементи за бујна вегетација, додека другата создава заштитен слој кој ги брка штетниците.

фото пекселс

Како да го подготвите ова природно ѓубриво?

1 литар вода

Advertisement

200 мл сварено незасладено кафе (може да користите и талог од кафе)

1 лажица мелен цимет

Измешајте ги состојките, оставете да отстојат три часа, процедете и истурете во сад за полевање или распрскувач.

фото пекселс

Со оваа едноставна формула, вашите растенија ќе бидат поздрави, посилни и поотпорни на надворешни влијанија и ќе цветаат како луди.

Претходно, гламур.мк ви даде корисен совет како вашите рози да цветаат како луди.

Експертката за цвеќиња објасни како да им обезбедите соодветна нега навреме на розите, за да цветаат сè до есен.

Користењето на избалансирано ѓубриво на секои четири до шест недели во текот на вегетациската сезона е неопходно. Иако постојат многу комерцијални ѓубрива, градинарите можат да истражат и природни алтернативи, како што е кората од банана која неверојатно добро им делува на розите.

фото пекселс

„Познато е дека бананите се богати со калиум, што ќе им помогне на вашите рози подобро да цветаат“, објаснува експертката.

Таа ги открива двата начина како да употребите кора од банана за розите да цветаат раскошно.

фото пекселс

Еден начин е да ја исечкате кората од банана и да ја закопате околу коренот на розите за да го збогатите тлото со хранливи материи.

Но, постојат и други методи за користење на кората од банана. Повеќе за методите прочитајте – ТУКА. 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button