Огласи
Рецепти

Посни медени младенчиња – рецепт за Младенци со посебна симболика

Се прават 40 колачиња во чест на Светите 40 маченици Севастиски, чиј празник се совпаѓа со Младенци, плус едно дополнително „за приновата што младата ќе ја донесе во куќата“.

advertisement
advert

Младенчињата традиционално се приготвуваат за празникот Младенци. Се прават 40 колачиња во чест на Светите 40 маченици Севастиски, чиј празник се совпаѓа со Младенци, плус едно дополнително „за приновата што младата ќе ја донесе во куќата“.

принтскрин јутјуб

Бидејќи оваа година Младенци паѓа во периодот на Велигденскиот пост, ви носиме рецепт за посни младенчиња.

Состојки:

реклама

500 г брашно

Половина пакување квасец (околу 40-50 г)

1 лажица шеќер

Марpкетинг

2 лажици масло

Млака вода

1 кафена лажичка сол

Мед за премачкување

Мелен орев

Начин на подготовка:

Брашното ставете го во еден сад, додадете масло, квасец, шеќер, сол и вода, па замесете тесто. Оставете го добро измесеното тесто да одмори на топло место околу половина час. Потоа, развлечете го тестото со сукало на дебелина од еден прст. Со чаша вадете мали округли „младенчиња“ и наредете ги во подмачкан плех.

принтскрин јутјуб
принтскрин јутјуб

Оставете ги младенчињата повторно да одморат на топло околу половина час. Потоа, премачкајте ги со масло и на горната површина избодете ги со чепкалка (според обичај, се користи гранче од овошно дрво во цвет).

Печете ги на умерена температура додека добијат златна боја. Откако ќе се изладат, секое младенче премачкајте го со мед и наросете го со мелен орев.

принтскрин јутјуб

Овој симболичен рецепт ја претставува љубовта, верноста и пожртвуваноста во бракот, а посната варијанта е совршена за сите кои го почитуваат Велигденскиот пост.

epp

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas
New Ad
Back to top button